Алкален метал
група хемиски елементи / From Wikipedia, the free encyclopedia
Алкалните метали се составни елементи во првата група од периодниот систем: литиум (Li), натриум (Na), калиум (K), рубидиум (Rb), цезиум (Cs) и франциум (Fr). Водородот, иако номинално припаѓа на првата група, ретко се однесува како алкалните метали. Алкалните метали содржат во последното енергетско ниво по еден електрон во s-орбиталата. Таквата електронска конфигурација е причината за нивните карактеристични општи својства. Слично како кај благородните гасови, овие елементи се јавуваат по определен број елементи периодично. Периодичноста се јавува по 8, 8, 18, 18, 32 елементи.