Гривна
From Wikipedia, the free encyclopedia
Гривна[1][2], белезија[3][4], белегзија[5][6], белезица[7][8] и бразлетна[9][10] — украсен предмет, вид накит, кој се носи околу зглобот на раката. Зборот „бразлетна“ потекнува од францускиот збор bracelet (латински: brachiale). Најчесто се изработуваат од благородни метали: злато, платина, сребро, од некои легури на благородни метали или од бисери и скапоцени камења. Белезиците можат да бидат со или без украсни додатоци — приврзоци.
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/8/88/Iran-bracelet.jpg/200px-Iran-bracelet.jpg)
Покрај од горенаведеното, белезици можат да се изработуваат и од: школки, украсни парчиња од резбарено дрво, уметничко стакло, парчиња од разнобојна пластика, разнобојни каменчиња и други материјали (бижутерија). Вредноста на белезицата може да биде голема доколку е скап материјалот од кој е изработена или ако је изработена како уметничко дело (во зависност од уметничката вредност и работата на уметникот кој ја направил белезицата). Белезиците се изработуваат и продаваат од кујунџии или златари, а во поново време се произведуваат индустриски или во студија (по нацрти на модни творци).
Освен белезици, во најупотребуван накит спаѓаат обетки, ѓердани, прстени и други.