Гренландска фока
From Wikipedia, the free encyclopedia
Гренландска фока (Pagophilus groenlandicus)
ДОЛЖИНА | 1,7-1,9 м |
ТЕЖИНА | 120-140 кг |
ЖИВЕАЛИШТЕ | поларни води |
РАСПРОСТРАНЕТОСТ | Северен Атлантски Океан и области околу Арктикот, на исток сè до Сибир |
Гренландска фока | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Animalia |
Колено: | Chordata |
Класа: | Mammalia |
Ред: | Carnivora |
Натсемејство: | Pinnipedia |
Семејство: | Phocidae |
Род: | Pagophilus |
Вид: | P. groenlandicus |
Научен назив | |
Pagophilus groenlandicus Erxleben, 1777 | |
Еден од најраспространетите видови фоки во крајните северни области се раѓа со бело крзно кое на младенчињата им служи за камуфлирање во мразот. Возрасните фоки имаат сребресто-сива боја и се прошарани со темни дамки што со текот на времето стануваат се повидливи. Гренландската фока се храни главно со риби и ракови. Живее на јужниот раб на арктичката ледена покривка, каде и лежи додека се митари. На почетокот на пролетта возрасните женки раѓаат по едно младенче, кое го дојат само 12 денови. Тогаш младенчињата го менуваат своето бело крзно и почнуваат да пливаат. Повеќе децении младенчињата на овие фоки се цел на ловците кои ги ловат поради квалитетното крзно. И покрај кампањите на борците за заштита на животните, ловците и натаму годишно убиваат окоолу 250,000 младенчиња на овие фоки. Природни непријатели на овие фоки се ајкулите, белите мечки и китовите-убијци.[2][3][4][5][6]