From Wikipedia, the free encyclopedia
Граѓани за јавна правда (ГЈП; англиски: Citizens for Public Justice) ― сеопфатна, непрофитна организација која ја промовира правдата во канадската јавна политика преку истражување и анализа насочено на намалување на сиромаштијата, еколошка правда и права за бегалците.[1]
CPJ ја дефинира јавната правда како политичка димензија на љубов кон ближниот, грижа за создавањето и постигнување на општото добро.[2] Изјавата на мисијата на ГЈП е „да ја промовира јавната правда во Канада преку обликување на клучните дебати за јавната политика преку истражување и анализа, објавување и јавен дијалог. ГЈП ги охрабрува граѓаните, водачите во општеството и владите да ги поддржат политиките и практиките кои го одразуваат повикот за љубов. правдата и процутот на создавањето“.[3]
ГЈП е регистрирана добротворна организација во Канада, чија работа се финансира преку дарувања од приватни лица и членови, како и од цркви и основни грантови. Нејзиниот одбор на директори е составен од 13 претставници од сите региони на Канада. Директорите можат да имаат најмногу два тригодишни мандати.[4] Во 2013 година, КПЈ ја прослави својата 50-годишнина.[5] ГПЈ е придружна членка на Канадскиот совет на црквите (Canadian Council of Churches).[6]
ГЈП е основана во Торонто во 1963 година како Комитет за правда и слобода (Фондација „Комитет за правда и слобода“ (КПС)) од Џералд Вандезанде.[7] Во 1971 година, таа се спои со Фондацијата „Христијанска акција“ со седиште во Алберта, предводена од Џон Олтуис, кој му се придружи на Вандезанде во Торонто.[8]
Во 1970-тите, Фондацијата „КПС“ водела кампања против предложениот гасовод во Мекензишката Долина, кој би бил изграден низ традиционалната земја на народот Дене во Мекензиевата Долина на Северозападните Територии со цел да се испраќаат фосилни горива од Бофортовото Море до потрошувачите од Соединетите Држави. Појавувајќи се пред истрагата „Бергер“, Фондацијата „КПС“ повикала на 10-годишен мораториум на проектите.[9] Ова било повторено од Џон Олтуис, Хју МекКалум и Кармел МекКалум во нивната книга „Мораториум“ и подоцна станала главна препорака на истрагата за гасоводот во Мекензишката Долина од судијата Томас Р. Бергер.[10] Томи Даглас, водачот на Новата демократска партија (НДП), побарал да купи стотици примероци од книгата за да ги распространи во Собранието. На крајот, владата на Пјер Елиот Трудо прогласила мораториум. Ова достигнување воглавно е сметано за едно од најголемите влијанија на ГЈП и рана победа за групата.[11]
Во 1982 година, фокусот на Фондацијата „КПС“ бил префрлен на сојузната јавна политика. Службено го променила своето име во Граѓани за јавна правда (ГЈП) и подготвила „Насоки за христијанска политичка служба“ и „Повелба за општествени права и одговорности“.[9][12][13]
Во текот на раните 1980-ти, ГЈП отвориле регионални канцеларии во Калгари, Едмонтон и Ванкувер, додека нејзината главна и национална канцеларија останала во Торонто. Кети Вандергрифт, вработена во канцеларијата во Едмонтон, била прогласена за граѓанин на годината во Едмонтон бидејќи предложила што било претворено во програма за рециклирање на сината кутија. ГЈП биле многу вклучена во напорите за спроведување на таа програма, спроведувајќи работилници во училиштата и црквите, распространувачќи брошури и создавајќи го Друштвото за рециклирање „Едмонтон“, кое ќе го води првиот центар за рециклирање.[14]
Во 1980 година, Олтуис почнала да ја претставува Првиот Народ во Тревестите Теснеци, чија татковина била заразена со жива. Во 1985 година била постигната спогодба за надокнада.[15]
Во тоа време, ГЈП предложиле национален фонд за општествен развој и создавање работни места. Потоа, во 1986 година, ГЈП ја вовела идејата за владин десеток, според кој владата ќе користи 10% од својот буџет за да им помогне на сиромашните. Весникот „Toronto Star“ ја објавиле идејата на насловната страница, а идејата била покриена и од страна на други секуларни и христијански медиуми бидејќи добила поддршка од христијанските водачи.[16]
Во 1988 година, Хари Китс станала извршен директор на ГЈП.[17]
Во 1991 година, ГЈП ги затвориле своите регионални канцеларии и ги преселиле сите свои операции назад во Торонто.[17][18] Притоа, тие, исто така, ја промениле своето делување за да се насочуваат на неколку клучни прашања со цел да добијат повеќе во длабочина со секое од нив. Ова довело да биде посветено поголемо внимание на истражувањето и образованието за правата на бегалците и сиромаштијата во Канада.
Во 1990-тите, ГЈП се насочувале на правата на абориџините (домородците), сиромаштијата и правата на бегалците. ГЈП биле гласни во својата поддршка на Кралската комисија за абориџините народи.[19] Подоцна, во раните 2000-ти, ГЈП се спротивставиле на широко критикуваниот референдум за абориџинскиот договор на Британска Колумбија околу правата од договорите на Првите народи.[20][21]
Во 1998 година, ГЈП и „Кампањата 2000“ започнале „Ајде да вложуваме во децата на Канада“, кампања за ставање крај на детската сиромаштија во Канада. ГЈП, Канадскиот исламски конгрес и Канадскиот совет за реформски јудаизам, се појавиле заеднички пред Комитетот за финансии на Долниот дом за да ја истакнат меѓуверската поддршка за мерките против сиромаштијата.[22]
Од 1995 до 2000 година, ГЈП зборувале против таканаречениот „данок на глава“, такса за правото на слетување од 975 долари што им бил наплаќан на бегалците од Конвенцијата, по пристигнувањето.[23] Оваа такса била отстранета во сојузниот буџет од 2000 година.[24] Тие работеле и на студентските заеми поради бегалските прашања, и забележале победа на тоа во раните 2000-ти.
Новиот милениум означил многу промени за ГЈП. На 22 август 2001 година, Вандезанде го добил Орденот на Канада.[25] ГЈП бил признат со уверение за благодарност од Сомалиско-канадската мрежа за застапување за нивната работа со бегалците,[26] работа која продолжила во текот на целата деценија. ГПЈ, исто така, ја започнале својата работа против сиромаштијата, со образование на јавноста и спроведување на истражувања. Сето ова довело до пуштање на кампањата „Достоинство за сите“ во 2009 година.[27]
ГЈП го преселила своето седиште од Торонто во Отава во 2007 година. Една од главните причини зад овој потег беше тоа што ГЈП сметале дека, бидејќи тие се насочувале главно на сојузни прашања, поблиску до Собранието може да им помогне на нивната кауза. Во нивното соопштение е објаснувано дека „јавната правда не повикува да бидеме таму каде што се водат разговорите и да ги донесеме нашите повеќе од 40 години увид, анализи и проверени положби. ГЈП има визија за Канада која го прифаќа плурализмот, која прашува кој има корист од политиките и што поставува корисни алтернативи. Националната канцеларија во Отава ќе ни овозможи да ја унапредиме таа визија поефикасно.“[28]
Овој потег бил проследен со кадровски промени, а во 2008 година Џо Ган станал извршен директор на ГЈП.[29] Во 2012 година, Џо Ган бил награден со Дијамантскиот јубилеен медал на Кралицата, за неговата работа во зближувањето на верските заедници зад „Меѓуверскиот повик за водство и дејство за климатските промени“.[30]
Основачот на ГЈП, Џералд Вандезанде починал во 2011 година на 77-годишна возраст.[7][9]
Џо Ган го завршил својот мандат во ГЈП во јануари 2019 година. Вилард Мецгер, порано од Светска визија (World Vision) и Менонитска црква на Канада (Mennonite Church Canada), го започнал својот мандат како четврти извршен директор на ГЈП во февруари 2019 година.
Во 2009 година, „Граѓани за јавна правда“ и „Канада без сиромаштија“ ја основале „Достоинство за сите“, непартиска кампања која повикува на национален план за борба против сиромаштијата во Канада.[31] Секоја година на 17 октомври, кампањата „Достоинство за сите“ го одбележува Меѓународниот ден за искоренување на сиромаштијата со настани низ Канада.[32]
Кампањата била поддржана од многу пратеници и сенатори, вклучително и канадскиот премиер Џастин Трудо, водачот на НДП Томас Мулкер, лидерот на Партијата на зелените Елизабет Меј; сенаторите Арт Еглтон и Џенис Џонсон; министрите Марк Гарно, Скот Брисон, Каролин Бенет, Џон МекКалум и Кирсти Данкан; и пратениците Скот Армстронг, Гери Бирн, Нејтан Кален, Џојс Мареј, Ники Ештон и Чарли Ангус. Исто така, над 700 организации и 11.000 поединци го потпишале повикот за дејствување на „Достоинство за сите“.[33]
ГЈП помогнале во создавањето на Сепартиската група за борба против сиромаштијата. Групата, составена од пратеници и сенатори од сите партии, редовно е состануван за да разговара за конкретни предлози за политика кои ќе ја стават крај на сиромаштијата во Канада.[34] Во 2011 година, ГЈП помогнале да бидат собрани меѓуверските водачи во Отава за да биде потпишена меѓуверската декларација за сиромаштија во Канада. Меѓу потписниците биле Канадскиот совет на црквите, Канадската меѓуверска делегација - самит за светски религии 2010 година, Евангелистичкото друштво на Канада и кампањата „Достоинство за сите“.[35]
Во пролетта 2015 година, ГЈП организирале „Турнеја на правдата 2015“, делегација на национални црковни водачи кои отпатувале во осум градови за да ги ангажираат луѓето со вера во разговори за сиромаштијата во Канада и климатските промени.[36] По турнејата, ГЈП помогнале да биде координирана „За промовирање на климатската правда и ставање крај на сиромаштијата во Канада“, меѓуверска декларација од канадските верски водачи. Ова била прва ваква декларација во последните четири години и била поддржана од над 65 потписници.[37]
Кампањата „Достоинство за сите“ го објавила својот модел наречен „Национален план за борба против сиромаштијата за Канада“ во 2015 година.[38] Ден по ова објавување, пратениците усвоиле речиси едногласна иницијатива со која ја повикуваат владата „да ја искорени детската сиромаштија во Канада преку развивање национален план за намалување на сиромаштијата“.[39] Во 2015 година, сојузната влада објавила развој на планови.[40] Кампањата била активна за време на советувањата на сојузната влада во 2017 година во врска со нејзиниот претстоен национален план за борба против сиромаштијата.
Секој октомври, ГЈП објавува извештај за сиромаштијата во Канада. Во 2018 година, ГЈП го објавила „Трендови на сиромаштија 2018“. Извештајот го покажува нееднаквото влијание на сиромаштијата врз одредени групи, како што се новите доселеници, семејствата предводени од самохрани мајки, неврзаните возрасни лица, младите и домородците. Исто така, ги прикажува стапките на сиромаштија за секоја покраина и територија, како и за многу големи градови и мали заедници низ Канада.[41]
Надоврзувајќи се на својата историја на ангажман во животната средина - вклучувајќи го и успешниот повик за мораториум на гасоводот во Мекензишката Долина во 1970-тите и воведувањето општински програми за рециклирање во 1980-тите - ГЈП поддржува ефективно дејство за борба против климатските промени и намалување на емисиите на стакленички гасови.[42] ГЈП е членка на Мрежата за климатски дејство на Канада (Climate Action Network Canada)[43] и на Мрежата за зелена економија (Green Economy Network).[44]
Во 2011 година, ГЈП и Канадскиот совет на цркви го развиле канадскиот меѓуверски повик за водство и дејство против климатските промени, сеопфатна изјава поддржана од над 60 верски установи во Канада.[45] Тогашниот извршен директор на ГЈП, Џо Ган, придонел за поглавјето со наслов „Даноци и еколошка правда?“ во книгата „Големиот приходен грабеж“ од Канаѓаните за даночна правичност.[46] Потоа, во 2012 година, Институтот „Пембина“ го признале Ган како „првак за чиста енергија“.[47]
Во 2014 година, ГЈП го објавиле „Живејќи верно во нова клима“ (Living Faithfully into a New Climate), серијал на верски и климатски ресурси поврзани со Климатскиот самит на ОН во Њујорк.[48] Подоцна истата година, ГЈП координирал меѓуверско молитвено бдение за да ja одбележи Конференцијата на партиите 2020 (скратено: КНП20) во Лима.[49] Во 2015 година, ГЈП координирале меѓуверски, меѓуканадски молитвен ланец во текот на двенеделните меѓународни преговори за климата на КНП21 во Париз.[36] Ова било проследено во 2016 година со низа дејствија преку кои ГЈП ги мобилизирала Канаѓаните и повикала на канадски климатски дејствувачки план кој воспоставува нова цел за намалување на емисиите и придонесува за исполнување на канадската посветеност во Парискиот договор.[50]
ГЈП започнале нова кампања во 2017 година наречена „Откажете се за Земјата!“. За време на Великиот пост, христијани низ Канада дале лични ветувања да го намалат нивниот јаглероден отпечаток. Кампањата вклучувала и разгледница во која е повикана канадската влада да продолжи со промените во политиката за борба против климатските промени и да го исполни Парискиот договор.[51] Оваа кампања продолжила во 2019 година, со фокус на подалекусежна национална политика за климата, вклучувајќи правичен преод кон чиста енергија и крај на јавното финансирање на секторот за фосилни горива.
ГЈП се изјасние против политиките кои ги занемаруваат правата на бегалците во Канада, вклучително и намалување на привремената сојузна здравствена програма,[52] Договорот за безбедна трета земја,[53] и долго време на чекање за приватно спонзорирани бегалци.[54]
Во 2013 година, ГЈП се приклучиле на кампањата на Канадскиот совет за бегалци, „Горди да ги заштитиме бегалците“.[55] ГЈП, исто така, биле вклучени во потпишувањето на црковните водачи на Изјавата за Денот на човековите права од 2013 година, која вклучувала 47 истакнати потписници.[56] ГЈП го поздравиле планот на канадската влада за преселување на 25.000 сириски бегалци во Канада.[57] ГЈП им се придружиле на многу верски групи во објавувањето на „Изјавата меѓу религиите за сириските бегалци“ во 2014 година, потврдувајќи и наложувајќи дека дискриминацијата по религија е неприфатлива при преселувањето на сириските бегалци.[58]
Во април 2017 година, ГЈП го објавиле „Половично добредојде“ („Half Welcome“), извештај за прашањата за приватно спонзорство во Канада ја нагласува главната загриженост на имателите на спонзорски договори за бегалци (ИСД) за политиката на сојузната влада, вклучувајќи долго време на чекање, долго време на чекање за несириски барања, ограничување на алокации и заеми за патување.[59]
Во јуни 2018 година, ГЈП ја објавиле „Повратна заштита“ („Reclaiming Protection“), повикувајќи на ревизија на Договорот за безбедна трета земја, политика што и дозволува на Агенцијата за гранични услуги на Канада да ги одбие повеќето барања за бегалци поднесени во границата меѓу Канада и Соединетите Држави. Во извештајот е тврдено дека со укинување на политиката, Канада може подобро да ги исполни своите меѓународни обврски кон бегалците, како и правата на бегалците да добијат соодветна постапка.
Последниот извештај за бегалците на ГЈП, „Најранливи“ („Most Vunerable“), објавен во април 2019 година, испитува како сојузната влада, црквите и групите за застапување можат да применат внатрешно поделен пристап во нивните соодветни области на творење политики и напори за застапување.
ГЈП коментира и за други прашања како што се:
ГЈП го објавува „the Catalyst“ три пати годишно. Првото издание било објавено во 1978 година.[66] Вклучува играни статии за верата и канадската јавна политика, како и тековните активности и настани во ГЈП. the Catalyst редовно освојува награди на годишната церемонија за доделување награди на Canadian Church Press.[67]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.