From Wikipedia, the free encyclopedia
Графит — алотропска модификација на јаглерод. Тој е изграден од атоми на јаглерод(C) кои се правилно распоредени, но на поинаков начин во споредба со дијамантот. Тие формираат слоеви. Врската меѓу слоевите е слаба и затоа графитот има мала тврдина, може да се цепи и остава трага на хартијата. Графитот е спроводник на електрицитет и затоа од него се изработуваат електроди.
Графит | |
---|---|
Графитен камен | |
Општо | |
Категорија | еднороден |
Формула | C |
Штрунцова класификација | 01.CB.05a |
Единична ќелија | a = 2.461 Å, c = 6.708 Å; Z = 4 |
Распознавање | |
Боја | железно-црна до сива |
Кристален систем | Шестаголен |
Цепливост | Базална – совршен на {0001} |
Прелом | Ронлив, во одредени средини и груб |
Жилавост | кршлив, нееластичен |
Цврстина на Мосовата скала | 1–2 |
Сјај | металичен, земјен |
Огреб | Црна |
Густина | 2,09–2,23 г/см3 |
Оптички својства | Едноосов (–) |
Плеохроизам | Силен |
Името му потекнува од грчкиот збор „графо” што значи пишува. Кристилизира шестаголно, 6/mmm, а =2.46А.
Кристалите на графитот се доста ретки. Кристални форми во кои се јавува се следните: (0001), (1120), (1011), (1121), (2245). Најчесто се наоѓа во лушпести агрегати и густи маси. Структурата е претставена со паралелни шестаголни рамнини од јаглеродни атоми. Растојанието C-C меѓу рамнините е 0,340 nm, што е и растојанието во ароматичниот прстен. Растојанието C-C меѓу рамнините е 0,340 nm и затоа во насока на рамнините има релативно висока електрична цепливост и други супстанции полесно се вклучуваат меѓу слоевите.
При топлинска обработка графитот се обработува на температура од 30000 С и висок притисок, што доведува до премин во друг алотропски облик на јаглерод диоксид — дијамантот. Графитот има атомска кристална решетка. Во неа сепак јаглеродните атоми се наоѓаат во слоеви. Во даден слој секој јаглероден атом е поврзан преку подеднакво здрави ковалентни врски со три соседни јаглеродни атоми. Електроните кои ги формираат врските меѓу слоевите и графитот се подвижни. Хемиските врски помеѓу слоевите се послаби отколку меѓу атомите во ист слој. Меѓу атомите на два соседни слоеви има поголемо растојание, отколку помеѓу атомите во еден слој. Затоа графитот има слоеста структура.
Кокс, саѓи, јаглен и дрво содржат и се состојат од мали кристали на графит. По боја е црн, а исто така и бојата на огребот е црна. Сјајност има металична до матна. Цепливост совршена по (0001). Тврдина има 1, а густина 2,09-3,23 g/cm3.
Не се раствора во киселини. Има масен допир и мала тврдина, а остава и трага-пишува. Сличен е со молибденит MoS2, од кој се разликува по боја и послабиот сјај.
Во најголем дел настанува од метаморфни карпи како разултат на намалување на наталожените јаглеродни соединенија при процесот на метаморфизам. Исто така се јавува во вулканските карпи и во метеоритите. Се јавува во магматските карпи и пегматитите. Минерали кои содржат графит се: кварц, калцит и турмалин. Во метеоритите такви соединенија се триолити и силикатни минерали.
Познати вариетети се шунгит и графит.
Позначајни наоѓалишта се наоѓаат во: Русија, Канада, Мексико, Германија, Кина, Индија, Бразил, Северна Кореја и др. Графитот може да се користи како огноотпорен материјал за моливи, за особено црни бои, за јаглероден челик, средство за подмачкување и други. Графит со многу висока чистота се користи како неутронски модератор во нуклераните реактори. Поради високата електрична спроводливост наоѓа примена во електрохемијата, електрометалургијата (електроди) и др.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.