![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/3/30/W%25C3%25B6rlitzer_See_mit_St._Petri.jpg/640px-W%25C3%25B6rlitzer_See_mit_St._Petri.jpg&w=640&q=50)
Градинарско кралство Десау-Верлиц
From Wikipedia, the free encyclopedia
Градинарското кралство Десау-Верлиц, исто така познато како Англиски градини Верлиц, е една од првите и најголемата англиска градина во Германија и континентална Европа. Била создадена во доцниот 18 век под водство на војводата Леополд III од Анхалт-Десау (1740-1817), враќајќи се од Големата обиколка низ Италија, Холандија, Англија, Франција и Швајцарија, ја преземал акцијата заедно со неговиот пријател архитект Фридрих Вилхелм фон Ердмансдорф. Двајцата силно под влијание на идеалите на просветителството, имале за цел да го надминат концептот на формална градина во време на барокот во корист на натуралистички пејзаж, како што тие ги виделе градините во Сторхед и Ерменонвил. Денес, културниот пејзаж Десау-Верлиц се протега на површина од 142 км², во рамките на биосферниот резерват Средна Елба во германската покраина Саксонија-Анхалт.
светско наследство на УНЕСКО | |
---|---|
![]() | |
Критериум | културно: ii, iv |
Навод | 534 |
Запис | 2000 (24-то заседание) |