Госпоѓа Бовари
From Wikipedia, the free encyclopedia
„Госпоѓа Бовари: Навики од провинцијата“ (француски: Madame Bovary: Moeurs de Province) — роман на францускиот писател Гистав Флобер, првобитно објавен во шест продолженија во „Париската ревија“ (од 1 октомври до 15 декември 1856 година,[1] а една година подоцна и како самостојна книга. Самостојното издание авторот му го посветил на Мари-Антоан-Жил Сенар, член на адвокатската комора и поранешен претседател на народното собрание и министер за внатрешни работи. Во посветата, напишана на 12 април 1857 година, Флобер му се заблагодарува на својот пријател за објавувањето на романот.[2] [3]
Кратки факти Автор, Изворен наслов ...
![]() Насловната страница од француското издание од 1857 г. | |
Автор | Гистав Флобер |
---|---|
Изворен наслов | Madame Bovary: Moeurs de Province |
Земја | Франција |
Јазик | француски |
Жанр | роман |
Издавач | Revue de Paris (во продолженија) и Michel Lévy Frères (како двотомна книга) |
Издадена | 1856 (во „Париска ревија“ во шест продолженија) и 1857 (како посебна книга) |
Медиум | печатено издание (мек и тврд повез) |
Затвори