From Wikipedia, the free encyclopedia
Гордана Вренцоска (Виница, 13 мај 1973 ) — македонски графички и моден творец и ликовен уметник. Добитник е на повеќе домашни и меѓународни награди и признанија.
Гордана Вренцоска | ||
Родена | 13 мај 1973[1] Виница, Република Македонија[1] | |
---|---|---|
Националност | Македонка | |
Позната | графички и моден творец | |
Занимање | графички, моден творец, ликовен уметник, професор |
Своето уметничко образование го започнува во Училиштето за применета уметност во Скопје на насоката применет текстил и облека. Во 1997 година дипломира на Факултетот за Ликовни Уметности, отсек сликарство, во класата на проф. Родољуб Анастасов, како академски сликар со модно создавање. Интердисциплинарните магистерски студии по дизајн ги завршува на колеџот за уметност и дизајн Централ Сент Мартинс (Central Saint Martins College of Art and Design) во Лондон како стипендист на престижната Чивнинг програма на британскиот Форин Офис. Магистрира на темата Космонационалците наспроти Владите, лојалноста на испит: како креативно да ја дизајнираме иднината во конкурентен свет без граници? Со овој проект таа ги проширува своите интереси и познавања за дизајнот во социо-политиката, со фокус на националните идентитети и националната припадност како креативни процеси. Произлегувајќи со контраверзен предлог за нов британски национален симбол, таа го привлекува вниманието на јавноста и гостува на британската национална телевизија BBC 3, на емисијата Mind field.[2]
Од 1997 до 2004 година како директор на проекти во агенцијата за маркетинг и комуникации McCann-Erikson, Скопје, таа создава и реализира бројни кампањи за меѓународните брендови: Nestlé, Nescafé, Opel, Siemens, Durex и други клиенти. На покана на Британскиот совет во Македонија одржува неколку работилници за дизајн на летните школи за млади во периодот од 2004 до 2007 година. На покана на Одборот на БЈЦЕМ ја извршува функцијата на Уметнички директор за применети уметности на 14 Биенале на млади уметници од Европа и Медитеранот Скопје 2009. Во рамките на ова случување Вренцоска ја води првата конференција за дизајн во Македонија.
Од 2006 година работи на Факултетот за арт и дизајн на Европскиот универзитет во Скопје, каде работи како вонреден професор. Вренцоска е наставник за предметите Методологија на дизајнирање, Ликовно обликување на дизајн производ, Визуелни комуникации, Основи на графички дизајн, Графичка илустрација и Oснови на моден дизајн.[3]
Вренцоска е основач и претседател на Македонскиот совет за дизајн.
Вренцоска има реализирано дванаесет самостојни уметнички изложби и две самостојни модни ревии.[3] Нејзини самостојни изложби и ревии се:
Учествува и во преку четириесетина групни изложби во Македонија, Велика Британија, Полска, Италија, Словенија, Германија, Белгија и други земји. Едно од позначајните учества во групна изложба е на големиот интернационален фестивал за дизајн DesignMai, што се одржува во Берлин, Германија. Таа изложува како дел од британско-интернационалната група Appointed by the Queen (Одбрани од кралицата), чиј проект Обединетите граѓани на Лондон - висинската душа на градот, ќе биде изложен на централната изложба на фестивалот.
Вренцоска е автор на плакатот за Скопскиот џез фестивал во 2002 година, автор на виэуелниот идентитет эа Скопскиот филмски фестивал во 2008 и на 14 Биенале на млади уметници од Европа и Медитеранот - Скопје 2009. Остварила бројни студиски патувања и учества на конференции и симпозиуми низ цела Европа.
Објавила неколку научни трудови и стручни текстови, а текстови од областа на дизајнот пишувала во нејзината колумна REDesign во магазинот RED.[3]
Гордана Вренцоска е добитник е на престижната стипендија Чивнинг (Chevening) на британскиот Форин Офис, како и на неколку грантови од фондациите Институт Отворено Општество и ProHelvetia. Во 2014 година го доби реномираниот грант за уметници од фондацијата Pollock-Krasner, Inc. од Њујорк.[7]
Вренцоска е победник на Twinings (британска компанија за чај) натпреварот за дизајн на шапка, В. Британија, во 2005 година. Оваа шапка е дел од традицијата за презентација на необични женски шапки за време на годишните коњски трки Ројал Ескот.[8] Во американскиот магазин Womans’ Day во мај 2010 шапката Twinings беше прогласена за една од 14-те најнеобични што досега биле носени на коњски трки во светот.[9]
Во 2010, Вренцоска добива благодарница од Советот на Општина Виница за посебни заслуги во развојот на Општината. Во 2011, добива пофалница од Европскиот универзитет за меѓународна афирмација на институцијата.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.