![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/6/66/20160813_Basketball_%25C3%2596BV_Vier-Nationen-Turnier_2969.jpg/640px-20160813_Basketball_%25C3%2596BV_Vier-Nationen-Turnier_2969.jpg&w=640&q=50)
Горан Драгиќ
From Wikipedia, the free encyclopedia
Горан Драгиќ (6 мај 1986 во Љубљана) — словенечки професионален кошаркар кој настапува за екипата на Мајами Хит во НБА. Може да игра на двете бековски позиции: организатор на игра и бек–шутер. Пред да влезе во НБА во 2008, Драгиќ настапувал за екипи од шпанското и словенечкото кошаркарско првенство.[1] На драфтот во 2008 бил избран во вториот круг од страна на Сан Антонио Спарс, но веднаш бил отстапен на Феникс Санс.[2] Тој во НБА во два наврати играл за Феникс Санс, еднаш за Хјустон Рокетс, и моментално за Мајами Хит. Во 2014 бил прогласен за играч кој најмногу напредувал во НБА и бил избран во третата постава од идеалната екипа во НБА.[3]
![]() Драгиќ за време на неговиот престој во Феникс | |
број 7 – Мајами Хит | |
---|---|
организатор на игра / бек | |
Лични информации | |
Роден на | 6 мај 1986(1986-05-06) (38 г.) Љубљана, СР Словенија, СФР Југославија |
Националност | Словенец |
Височина | 6 ст 3 ин (1.91 м) |
Тежина | 190 lb (86 kg) |
Информации за кариера | |
НБА драфт | 2008 / Круг: 2 / Избор: 45-ти вкупно |
Одбран од Сан Антонио Спарс | |
Професионална кариера | 2003–сѐ уште |
Лига | НБА |
Историја на кариера | |
2003–2004 | Илирија |
2004–2006 | Слован |
2006–2007 | Мурсија |
2007–2008 | Олимпија |
2008–2010 | Феникс Санс |
2010–2011 | Хјустон Рокетс |
2011 | Саски Басконија |
2012–2014 | Феникс Санс |
2014–сѐ уште | Мајами Хит |
Значајни моменти од кариерата и награди | |
| |
Статистика на NBA.com |
Освен клупска, Драгиќ има и богата репрезентативна кариера настапувајќи за кошаркарската репрезентација на Словенија. Во 2004 освоил златен медал на европското првенство за кошаркари до 20 години. Со сениорската репрезентација учествувал на повеќе светски и европски првенства, од кои најзначајно е освоеното петто место на Светското првенство во кошарка 2014 одржано во Шпанија, каде Драгиќ бил во петте најефикасни поентери и асистенти на првенството. По повлекувањето на Јака Лаковиќ од репрезентацијата во 2014, Драгиќ бил именуван за нов капитен на репрезентацијата.
Горан Драгиќ има татко со српско и мајка со словенечко потекло. Негов помлад брат е кошаркарот Зоран Драгиќ, со кого извесно време заедно настапувале во Феникс и Мајами.[4] Горан течно зборува словенечки, српски, англиски, и шпански јазик.[5]