Голема Црвена Дамка
постојана бура во атмосферата на Јупитер / From Wikipedia, the free encyclopedia
Големата Црвена Дамка е постојано подрачје под висок притисок во атмосферата на Јупитер, кое ја предизвикува најголемата антициклонска бура во Сончевиот Систем. Се наоѓа на 22 степени јужно од екваторот на Јупитер, и се развива ветар со брзина до 432 km/h. Се верува дека ова е истата бура што ја забележале астрономите од 1665 до 1713 година, и ако ова е така, таа постои најмалку 356 години.[1] Потоа била забележана во септември 1831 година, и од тогаш до 1878 година била забележана уште 60 пати, од кога започнале континуираните набљудувања.[2][3]