Гиро
From Wikipedia, the free encyclopedia
Гиро (грчки: γύρος) — јадење од грчката кујна, слично на турскиот донер (донер-ќебап) или арапската шаварма. Разликата е во тоа што гирото може да се направи со пилешко или свинско месо, со помфрит, кромид и сос цаѕики. Во Грција најчесто се приготвува со свинско или пилешко, додека во другите земји е вообичаено говедско, пилешко и јагнешко месо. Гирата обично се служат завиткани во пита леб, заедно со состојки како што се домати, кромид и сос цаѕики. Месото се зачинува со сол и мелен црн пипер.[1]
Во земјите од Средна Европа — Унгарија, Чешка, Словачка итн. — името гиро може да значи секој производ од типот на шаварма завиткан во рамен леб.[2]