Герт Вилдерс
From Wikipedia, the free encyclopedia
Герт Вилдерс (холандски: Geert Wilders; р. 6 септември 1963) — холандски политичар и основач и водач на Партијата за слобода (Partij voor de Vrijheid, PVV), која е политичка партија во холандскиот парламент.[1][2] Вилдерс е најдобро познат по неговите критики кон исламот. Гледиштата на Вилдерс во врска со исламот го направиле контроверзна фигура во Холандија и пошироко, и од 2004 година е постојано лично заштитен од страна на вооружени телохранители.[3]
Герт Вилдерс Geert Wilders | |
---|---|
Вилдер на говорница во 2010 г. | |
Водач на Партијата за слобода | |
На должноста | |
Стапил 22 февруари 2006 | |
Водач на парламентарната група на Партијата за слобода во Парламентот на Холандија | |
На должноста | |
Стапил 30 ноември 2006 | |
Пратеник | |
На должноста | |
Стапил 26 јули 2002 | |
На должноста 25 август 1998 – 23 мај 2002 | |
Лични податоци | |
Роден(а) | 6 септември 1963(1963-09-06) (60 г.) Фенло, Холандија |
Националност | Холанѓанец |
Партија | Партија за слобода (2006–) независен (2004–2006) VVD (1989–2004) |
Сопружник | Кристина Вилдерс |
Живеалиште | Хаг, Холандија |
Установа | Отворен универзитет |
Занимање | политичар |
Портал | Герт Вилдерс |
Вилдерс водел кампања за да ја стопира како што тој кажува „исламизацијата на Холандија“. Го споредил Куранот со книгата „Мојата борба“ и водел кампања да се забрани книгата во Холандија.[4][5][6] Тој се залага за ставање крај на имиграцијата од муслиманските земји[4][7] и поддржува забрана на изградба на нови џамии.[8] Опишан е во медиумите како популист[9][10][11] и етикетиран како екстремен десничар,[12][13] иако ова е спорно кај други набљудувачи.[9][14][15]