Географија на Кирибати
From Wikipedia, the free encyclopedia
Географијата на Кирибати ги опфаќа географските, релјефните и демографските одлики на земјата. Кирибати е островска државата составена од 32 атоли и 1 остров. Државата се наоѓа во Тихиот Океан и низ неа поминува екваторот. Атолите во државата ги сочинуваат трите островски групи: Линиски Острови, Гилбертови Острови и Острови Феникс. Банаба е единствен остров во државата, кој е богат со фосфат и е еден од трите фосфатни острови во Океанија. Од поглед на часовните појаси, Кирибати е најисточна држава во светот. Главен град во државата е Јужна Тарава, а службени јазици кирибатски и англиски. Кирибати има вкупна површина од 726 км2 и население од 105.432 според проценките за 2005 година.