Гент-Вевелгем 2022
84. издание на велосипедската трка / From Wikipedia, the free encyclopedia
Гент-Вевелгем 2022 — 84. издание на велосипедската еднодневна трка Гент-Вевелгем, која се одржала на 27 март како десетти настан во сезоната на Светската турнеја.[1][2]
| |||
Детали за трката | |||
Издание | 84. Гент-Вевелгем | ||
Натпреварување | Светска турнеја на UCI 2022 1.UWT | ||
Датум | 27 март 2022 | ||
Растојание | 248,8 км | ||
Држава | Белгија | ||
Поаѓалиште | Ипр | ||
Одредиште | Вевелгем | ||
Екипи | 25 | ||
Возачи на почеток | 143 | ||
Возачи на крај | 80 | ||
Просечна брзина | 44,17 км/ч | ||
Добитници на наградите | |||
Победник | Бинијам Хирмај (Интермарше-Сиркус-Ванти) | ||
Второпласиран | Кристоф Лапорт (Џамбо-Висма) | ||
Третопласиран | Дрис Ван Гестел (ТоталЕнержи) | ||
◀2021 | 2023▶ | ||
Документација |
Трката била долга 248,9 километри, која и покрај името на трката, започнала од градот Ипр трета година по ред.[1] На почетокот, патеката на трката се движела кон Кортрејк на исток пред да се враќа назад кон Ипр, за да потоа сврти кон Верн на север. На првите 150 километри немало искачувања, но од Верн патеката на трката свртела кон југ и скоро да ја следела белгиско-француската граница додека не започнале седумте сектори со калдрма и деветте кратки брда на југ од Ипр. По првата калдрмисана секција следеле четири брда по што следеле неколку други секции со калдрма, а подоцна останатите пет брда. Последниот рид и третото качување на Кемелберг означувале дека до крајот има уште 34,4 километри. Откако повторно ќе се помине Ипр на 22,4 километри до крајот, завршницата до Вевелгем е прилично рамна.[3][4]
По многу напади на деловите на трката со калдрма и кратките искачувања, две групи се споиле создавајќи намалена главна група на околу 25 километри до целта. Кратко потоа, четворица возачи нападнале од намалената група за да го создадат победничкото бегство: Бинијам Хирмај (Интермарше-Ванти-Жобер Материо), Кристоф Лапорт (Џамбо-Висма), Јаспер Стејвен (Трек-Сегафредо) и Дрис Ван Гестел (Тим ТоталЕнержи). Како четворицата влегле на завршницата во челен ветер, Хирмај бил првиот кој започнал да спринта, доаѓајќи од позадина на групата и се одржал пред другите за победа. Со тоа, тој станал прв африкански победник на некоја класична велосипедска трка.[5] Серен Краг Андерсен (Тим ДСМ), кој нападнал од главната група во последните два километри во обид да ја премости разликата до водечката група, останал пред главната група завршувајќи на петтото место, додека Тим Мерлиер (Алпесин-Феникс) го освоил спринтот во групата за шесто место.[6][7]