велосипедска трка From Wikipedia, the free encyclopedia
Гент-Вевелгем 2015 — 77. издание на велосипедската еднодневната трка Гент-Вевелгем. Се одржала на 29 март и била седма трка во сезоната на Светската турнеја.[1][2] Бранителот на титулата е Џон Дегенколб (Џајант-Алпецин), кој победил во 2014 година во масовен спринт.[3] Трката е дел од пролетните класици и е позната како „спринтерски класик“, бидејќи нејзината рута е помалку предизвикувачка отколку повеќето класици.[4] Трката се одржала во лоши временски услови со многу силен ветер и дожд, поради што само 39 возачи ја завршиле трката. Трката ја освоил Лука Паолини пред Ники Терпстра и Герајнт Томас.
Светска турнеја на UCI 2015, трка 7 од 28 | |||
Детали за трката | |||
---|---|---|---|
Date | 29 март 2015 | ||
Растојание | 239,1 км | ||
Време | 6ч 20' 55" (37,8 км/ч) | ||
Добитници на наградите | |||
Победник | Лука Паолини (ИТА) | (Катјуша) | |
Втор | Ники Терпстра (ХОЛ) | (Етикс-Квик Степ) | |
Трет | Герајнт Томас (ВБР) | (Тим Скај) | |
Бидејќи Гент-Вевелгем е дел од Светската турнеја, сите 17 UCI World Tour екипе биле автоматски поканети и се обврзани да испратат екипа. На осум професионални континентални екипи им биле доделени специјални покани.[5]
Екипи во Светската турнеја биле:
Екипи кои добиле специјални покани биле:
|
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.