From Wikipedia, the free encyclopedia
Гамбија (порано позната како реката Гамбра) — голема река во Западна Африка што се протега на 1.120 километри (700 mi) од платото Фута Џалон во северниот дел на Гвинеја која на запад тече низ Сенегал и Гамбија и се влева во Атлантскиот Океан во градот Банџул. Пловноста на реката е овозможена на половина од нејзината должина.
Гамбија | |
River | |
Реката Гамбија во националниот парк Ниоколо-Коба | |
Земја | Гвинеја, Сенегал, Гамбија |
---|---|
Извор | Фута Џалон |
Утока | Атлантски Океан |
- местоположба | Банџул |
- координати | 13°28′N 16°34′W |
Должина | 1.120[1] км |
Мапа на реката Гамбија
|
Реката е силно поврзана со Гамбија, најмалата држава на копното на Африка, која се состои од малку повеќе од половина на реката низводно заедно со нејзините две притоки.
Од Фута Џалон, реката тече во северозападниот регион Тамбакунда во Сенегал, каде што тече низ пационалниот парк Ниоколо-Коба, каде што потоа се приклучуваат двете притоки и Ниери Ко и Кулунти пред да навлезе во Гамбија кај селото Фатото. Потоа реката тече генерално на запад, но со меандричен ток каде што се создаваат голем број крајречни езера, и на околу 100 километри од своето устие постепено се проширува, повеќе од 10 километри, на точката каде што се влева во океанот.
Во близина на устието на реката, во близина на селото Џуфуре, се наоѓа островот Кунта Кинте, место кое се користело за трговија на робови кое моментално е под заштита на УНЕСКО.
Водната фауна во сливот на реката Гамбија е слична со онаа на сливот на реката Сенегал, и двете реки обично се вметнуваат под еден екорегион познат како Сенегал-Гамбија. Иако богатството на видови е средно високо, само три видови жаби и еден вид риба се ендемски за овој екорегион.[2]
Остригите се берат од реката Гамбија од страна на жените и да се користат со цел да се приготви чорба од остриги, традиционално јадење во Гамбија.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.