Галија (брод)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Галија — древен вид на брод што користел веслачи, а се користел при војување и тргување. Постојат извори дека изработката на веслата потекнува од египетското Старо Кралство. Многу галии имале весла и јарболи, кои ги користеле кога ветерот бил поволен.[1]
Галиите се користеле уште од поморското војување на Средоземното Море од Хомеровото време до развојот на топовските бродови околу XV и XVI век. Тие биле употребувани во војните што ги воделе Древна Персија, Македонија, Картагина и Рим, сè до XIV век. По пропаѓањето на Римското Царство галиите помалку се користеле во византиската морнарица и останатите наследници на Римското Царство, како и од страна на новите муслимански држави. Средновековните средоземни држави, забележително италијанските приморски републики, меѓу кои и Венецијанската Република, Пиза и Џенова ги користеле галиите, сè додека мановарите не ги истиснале од употреба. Битката кај Лепанто (1571) била една од најголемите поморски битки во кои галиите продолжиле да бидат користени како главна поморска сила, сè додека широкотрупните воени бродови со едра не се појавиле во Средоземното Море во XVII век. Галиите се користеле во помал број до појавата на парната машина, кога целосно биле исфрлени од употреба.