From Wikipedia, the free encyclopedia
Преподобен Свети Гаврил Лесновски — македонски подвижник чиј празник се слави на 28 јануари. Роден бил во кривопаланечкото село Осиче. Заедно со преподобните Јован Рилски, Јоаким Осоговски и Прохор Пчињски се основоположници на јужнословенското и македонско еремитско (анахоретско) монаштво.
Се подвизувал и аскетувал во околината на Злетовска Планина. Во житијата се среќаваат податоци дека во 10 век на Лесновската Гора кај Кратово, се замонашил и (или) изградил црква во чест на Св. Архангел Михаил и оттаму заминал во околината на подвизување.[1]
Неговиот светителски култ се ширел и се развивал преку религиозно-духовната, книжевната, музичката, ликовната и народната традиција. За него биле составени житија и служби во втората половина на XI, во XIII и во втората половина на XVI или најдоцна во XVII в. Култот на преподобен Гаврил бил одржуван и во сликарската традиција со сликањето на негови портрети по фрескоживописите, иконите, ракописите и по другиот црковен инвентар, како и во народното творештво, во голем број месни преданија и легенди.[2]
Бил чудотворец за време на животот и по смртта. Умрел на крајот на 10 век.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.