From Wikipedia, the free encyclopedia
Габро е длабинска магматска карпа од групата на габровите и базалтите. Има зрнеста структура, а текстурата е најчесто масивна. Изграден е од следните минерали: базични плагиокласи, моноклински пироксени и оливин, а како акцесорни минерали се појавуваат илменит, апатит и магнетит.
Многу е честа појавата на секундарни минерали во габровите, како што се: сосирит, уралит, сфен, епидот, калцит и хлорид.
Габрото обично се појавува во поголеми магматски тела, има темнозелена до црна боја. На подрачјето на РМ габрови се појавуваат во рамките на офиолитската секвенца на океанската кора во комплексот Демир Капија–Гевгелија.[1]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.