Втора шлезвишка војна
From Wikipedia, the free encyclopedia
Втора шлезвишка војна (дански: 2. Slesvigske Krig; германски: Deutsch-Dänischer Krieg[1]) — втор вооружен судир како последица на нерешениот статус на Шлезвиг-Холштајн. Започнала на 1 февруари 1864 година, кога пруските сили ја преминале граница во Шлезвиг.
Втора шлезвишка војна | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од војните за Обединување на Германија | |||||||||
Карта на Втората шлезвишка војна |
|||||||||
|
|||||||||
Завојувани страни | |||||||||
Австриско Царство | Данска | ||||||||
Команданти и водачи | |||||||||
Хелмут фон Молтке Фридрих Граф фон Врангел Вилхелм фон Тегетхоф | Кристијан Јулиус де Меца Георге Даниел Герлах |
||||||||
Сила | |||||||||
при избувнувањето на војната: 61.000 158 пушки доп. засилувања: 20.000 64 пушки | 38.000 над 100 пушки |
||||||||
Жртви и загуби | |||||||||
над 1.700 загинати, ранети или заробени | над 1.570 загинати, над 700 ранети, над 3.550 заробени |
Данска се бореле против Прусија и Австрија. Како и во Првата шлезвишка војна (1848–51), борбата била за контрола на Војводствата Шлезвиг и Холштајн поради нивното управување откако данскиот крал умрел без наследник прифатлив за Германскиот Сојуз. Одлучувачкиот спор произлегол по донесување на Ноемврискиот устав, со кој Војводството Шлезвиг се припојувало во данското кралство со што се прекршувал Лондонскиот протокол од 1852 година.
Причините за војната била етничката расправа во Шлезвиг и постоењето на двојни политички системи во рамките на данската унитарна држава.
Војната завршила на 30 октомври 1864 година, кога бил потпишан Виенскиот договор со кој Данска ги предала Војводството Шлезвиг, Холштајн и Саксо-Лауенбург на Прусија и Австрија.