Втора кичевска парохија
црковна парохија на МПЦ-ОА / From Wikipedia, the free encyclopedia
Втора кичевска парохија — православна парохија на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, дел од Кичевското архијерејско намесништво на Дебарско-кичевската епархија. Нејзиното седиште е во кичевската градска соборна црква „Св. Петар и Павле“. Покрај дел од градот Кичево, парохијата ги опфаќа и селата: Другово, Горно Добреноец, Долно Добреноец, Подвис, Лавчани, Јаворец, Долна Душегубица, Горна Душегубица, Кленоец, Попоец, Иванчишта, Малкоец, Ехлоец и Пополжани.