Временско издолжување
From Wikipedia, the free encyclopedia
Временско издолжување или временско забавување (временско издолжување) — разлика од изминатото време меѓу два настани како што се измерени од набљудувачите кои или се движат релативно еден кон друг или пак се со различни местоположби во однос на гравитациска маса или маси.
Прецизен часовник во мирување во однос на еден набљудувач може да отчукува различно во однос на часовникот на вториот набљудувач. Овој ефект не произлегува од техничките аспекти на часовниците ниту пак од фактот дека на сигналите име потребно време за да се движат, туку зависат од природата на самиот време-простор.