![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/mk/thumb/0/06/%25D0%259D%25D0%25B8%25D0%25BA%25D0%25BE%25D0%25BB%25D0%25B0_%25D0%259A%25D1%2599%25D1%2583%25D1%2581%25D0%25B5%25D0%25B2_1992.jpg/640px-%25D0%259D%25D0%25B8%25D0%25BA%25D0%25BE%25D0%25BB%25D0%25B0_%25D0%259A%25D1%2599%25D1%2583%25D1%2581%25D0%25B5%25D0%25B2_1992.jpg&w=640&q=50)
Влада на Никола Кљусев
From Wikipedia, the free encyclopedia
18. влада на Македонија — првата влада на тогашната Социјалистичка Република Македонија избрана по воведувањето на политичкиот плурализам и по одржувањето на првите повеќепартиски парламентарни избори во 1990 година. Избрана е од Собранието на Република Македонија на 20 март 1991 година. На нејзино чело е избран Никола Кљусев, а таа по својот карактер беше експертска, техничка влада. За владата гласале 83 пратеници, 17 биле против, а тројца воздржани.[1]
Влада на Никола Кљусев Кљусев | |
---|---|
![]() ![]() 18. влада на Македонија | |
1991-1992 | |
![]() Кљусев во 1992 | |
Конституирана | 20 март 1991 |
Распуштена | 4 септември 1992 |
Организација | |
Претседател | Киро Глигоров |
Премиер | Никола Кљусев |
Статус во собрание | Малцинска влада |
Историја | |
Избори | 1990 |
Претходен кабинет | Гоговски (Извршен совет) |
Следен кабинет | Црвенковски I |
Согласно Декларацијата за сувереност на Социјалистичка Република Македонија,[2] донесена на 25 јануари 1991 година, основна цел на новата влада беше конституирање на Република Македонија како независна држава. Во текот на мандатот на оваа влада е одржан референдумот за независност на Македонија и е усвоен Уставот на Република Македонија. Исто така, во мандатот на оваа влада, Македонија монетарно се осамостои.
Поради меѓупартиските конфликти, оваа влада не траеше долго. По нешто повеќе од една година, на 7 јули 1992 година Македонското собрание ѝ изгласа недоверба на оваа влада, а потоа била избрана првата политичка влада на Република Македонија, на чело со Бранко Црвенковски.