Вилхелмсхафен
град во Долна Саксонија, Германија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Вилхелмсхафен (германски: Wilhelmshaven; долногермански: Willemshaven; букв. Вилхелмово пристаниште) — крајбрежен безокружен град во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Сместен е на северозападната страна на Јадскиот Залив на Северното Море. Градот е стопанско средиште на областа и претставува главно воено пристаниште во државата. Од 2006 година припаѓа на метрополитенската област Северозапад.
Кратки факти Земја, Местоположба на градот Вилхелмсхафен во рамките на Долна Саксонија ...
Вилхелмсхафен
Wilhelmshaven | ||
Поглед на Вилхелмсхафен | ||
Управа | ||
Земја | Германија | |
---|---|---|
Покраина | Долна Саксонија | |
Округ | Урбан округ | |
Градоначалник | Карстен Фајст (независен) | |
Основни податоци | ||
Површина | 106,91 км2 | |
Надм. височина | 2 м | |
Население | 75.189 (31 декември 2020)[1] | |
- Густина | 703 жит/км2 | |
Други информации | ||
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) | |
Рег. табл. | WHV | |
Пошт. бр. | 26351–26389 | |
Повик. бр. | 04421, 04423 и 04425 | |
Портал | wilhelmshaven.de | |
Местоположба на градот Вилхелмсхафен во рамките на Долна Саксонија | ||
Координати | 53°31′0″N 8°08′0″E |
Затвори
Соседниот национален парк „Долносаксонско Ваденско Море“ е заштитен како светско наследство на УНЕСКО и како таков има важна улога во туризмот во овој дел од Германија.