Вили Брант
германски политичар, канцелар на Германија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Вили Брант (германски: Willy Brandt; роден како Херберт Ернст Карл Фрам; 18 декември 1913 — 8 октомври 1992 ) — германски државник и политичар, претседател на Социјалдемократската партија на Германија (SPD) од 1964 до 1987 година и канцелар на Сојузна Република Германија од 1969 до 1974 година. Добитник е на Нобеловата награда за мир во 1971 година за неговите напори за постигнување помирување помеѓу Западна Германија и државите на источниот блок, а како канцелар се поклонил на жртвите на фашизмот во Варшава во 1970 година. Бил првиот социјалдемократски канцелар од 1930 година.
Вили Брант | |
---|---|
Брант насликан во 1980 година | |
Канцелар на Германија | |
На должноста 21 октомври 1969 – 7 мај 1974 | |
Претседател | Густав Хајнеман |
Заменик | Валтер Шел |
Претходник | Курт Георг Кизингер |
Наследник | Хелмут Шмит |
Заменик канцелар на Германија | |
На должноста 1 декември 1966 – 20 октомври 1969 | |
Канцелар | Курт Георг Кизингер |
Претходник | Ханс-Кристоф Зебом |
Наследник | Валтер Шел |
Министер за надворешни работи | |
На должноста 1 декември 1966 – 20 октомври 1969 | |
Канцелар | Курт Георг Кизингер |
Претходник | Герхард Шредер |
Наследник | Валтер Шел |
Владејачки градоначалник на Берлин | |
На должноста 3 октомври 1957 – 1 декември 1966 | |
Претходник | Ото Зур |
Наследник | Хајнрих Алберц |
Лични податоци | |
Роден(а) | Херберт Ернст Карл Фрам 18 декември 1913(1913-12-18) Слободен Град Либек, Германско Царство |
Починал(а) | 8 октомври 1992(1992-10-08) (возр. 78) Ункел, Рајнска област-Пфалц, Германија |
Партија | Социјалдемократска партија (1930–1931, 1948–1992) Социјалистичка работничка партија 1931–1946 |
Сопружник | Карлота Торкилдсен (в. 1941; раз. 1948) Рут Хансен (в. 1948; раз. 1980) Бригите Зебахер (в. 1983–92) |
Деца | 4 |
Вероисповед | лутеранство |
Иако контроверзна во Западна Германија, „источната политика“ на Брант може да биде сметана за негово најзначајно наследство и имала за цел подобрување на односите со Источна Германија, Полска и Советскиот Сојуз. Од слично значење, извештајот „Брант“, пишуван од независни стручњаци, станал признаена мерка за опишување на општата поделеност на светот на Север-Југ.
Брант дал отказ како канцелар во 1974 година, откако Гинтер Гијом, еден од неговите блиски соработници, бил откриен како агент на Штази, источногерманската тајна полиција.