Википедија:Оценување на статии
From Wikipedia, the free encyclopedia
Една од задачите која ВикиПроектите можат да ја извршуваат е оценување на квалитетот и важноста на содржините кои се во нивен домен. Со ова проектот си помага себеси за да ги препознае одличните содржини и содржините на кои им треба работа, да добие статистичка информација за моменталната состојба на енциклопедиските статии за нејзината област и да ги следи резултатите од својата работа со текот на времето.
- Како се оценува една статија?
Оваа страница е напатствие на македонската Википедија. Општоприфатен стандард е уредувачите да ги следат правилата, но сепак треба да се користи здрав разум и да се прават повремени исклучоци. Ако ја уредувате оваа страница, Ве молиме прво уверете се дека за вашата промена постои консензус. Ако се двоумите, прво дискутирајте на страницата за разговор. |
|
Прво, приближно се одредува колкава е важноста на темата за соодветниот ВикиПроект. Потоа, се анализира квалитетот на содржината и се споредува со критериумите за квалитет, со што се одредува класата. Потоа се поставува предлошката за класифицирање од соодветниот ВикиПроект на разговорната страница на статијата. Притоа, оваа предлошка има параметри за класа и важност.
На пример, кај една медицинска статија за која се утврдило дека е од класа IV за квалитет и од висока важност во склоп на ВикиПроект Медицина, на нејзината разговорна страница би се ставил следнава предлошка и параметри: {{ВикиПроект Медицина|класа=I|важност=висока}}
. Ова автоматски ќе ја стави страницата во соодветни категории за квалитет и важност во склоп на ВикиПроектот.
Овие предлошки за класифицирање, кои се ставаат на страниците за разговор, за посебните ВикиПроекти можат да се изработат од метапредлошката {{ВикиПроектСтатија}}
. Во документацијата на оваа метапредлошка има упатство како да го искористите за вашиот ВикиПроект.
- Кој може да ги оценува статиите?
Било кој член на ВикиПроектот слободно може да додава и менува оцени за една статија, но притоа треба да се придржува до критериумите за квалитет и критериумите за важност.
- Нели е оценувањето субјективно?
- Дали сите ВикиПроекти имаат исти критериуми?