![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/0/0a/Johan_Krouth%25C3%25A9n_-_Portr%25C3%25A4tt_av_Verner_von_Heidenstam.jpg/640px-Johan_Krouth%25C3%25A9n_-_Portr%25C3%25A4tt_av_Verner_von_Heidenstam.jpg&w=640&q=50)
Вернер фон Хејденстам
From Wikipedia, the free encyclopedia
Карл Густав Вернер фон Хејденстам (швед. Carl Gustaf Verner von Heidenstam; 6 јули 1859 – 20 мај 1940) — истакнат шведски поет и романописец, добитник на Нобеловата награда за литература во 1916 г. и член на Шведската акдемија. Делата му се одликвуаат со родољубивост и страст за татковината, народот и неговите обичаи и карактер.
Вернер фон Хејденстам Carl Gustaf Verner von Heidenstam | |
---|---|
![]() | |
Роден/а | Карл Густав Вернер фон Хејденстам 6 јули 1859(1859-07-06) Олшамар, Шведска |
Починат/а | 20 мај 1940(1940-05-20) (возр. 80) Евралид, Шведска |
Занимање | поет, романописец |
Националност | Швеѓанец |
Значајни награди | Нобелова награда за литература 1916 |
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/5/5f/Verner_von_Heidenstam_in_1915.jpg/640px-Verner_von_Heidenstam_in_1915.jpg)
Роден е во Олшамар, Еребру во благородничко семејство. Почнал да студира историја на уметноста во Уметнчката акдемија во Стокхолм, но набргу ги напуштил студиите за да патува по Европа, Африка и Азија. Стихозбирката „Патешествие и талкање“ (1888) — инспирирана од доживувањата на Исток и претставува пресвртница во неговиот стил. Со неа Хејденстам го напушта натурализмот кој тогаш преовладувал во шведската книжевност.
Хејденстамовата љубов кон убавото е јасно изразена во алегоричниот роман „Ханс Алиенус“ (1892). Во стихозбирката „Песни“ (1895) и историскиот роман „Карловците“ (2 тома, 1897–1898), Хејденстам ја искажува неговата страст кон татковината и сето она што е шведско. Двотомното дело „Лозата на Фолкунзите“ (1905–07) — епопеја заснована на историјата на овој шведски клан од средниот век.
Неговата стихозбирка „Нови песни“ (1915) обработува филозофски тематики, особено воздигнувањето на човекот од самотија на повисок степен на човештво.
Починал во неговиот дом Евралид близу Мутала во 1940.