From Wikipedia, the free encyclopedia
Публиј Вергилиј Марон (на латински: Publius Vergilius Maro, 15 октомври 70 п.н.е. — 20 септември 19 п.н.е., Калабрија) — римски поет, најзначајниот претставник на римската поезија. Тој творел во времето на Цезаровиот наследник - Октавијан Август. Најпознато негово дело е епот „Енеида“, во кој поетски се прославува родот на Јулиевците. За време на животот, Вергилиј не објавувал, но по неговата смрт, по налог на Октавијан Август биле објавени сите негови дела. По 1300 години од неговата смрт, Вергилиј бил издигнат на пиедесталот од страна на Данте Алигиери.
Публиј Вергилиј Марон | |
---|---|
Приказ на Вергилиј | |
Занимање | Поет |
Националност | Римјанин |
Жанр | Епска поезија, дидактичка поезија, пасторална поезија |
Книжевно движење | Августовско поетирање |
Вергилиј е роден на 15 октомври, 70 г. п.н.е. во селото Анди со близина на Мантова, денес во северна Италија. Овој крај бил населен со келтски и илирски племиња, па значењето на неговото име не е сосема познато. Вергилиј не припаѓал на моќно семејство, но бил образован, а за тоа се погрижил неговиот татко. Во младоста одел на училиште во Кремона и во Милано. Подоцна, тој пристигнал и во Рим, каде студирал реторика, медицина и филозофија. Во Рим стекнал голем број пријатели, меѓу кои и императорот Август, а благодарение на неговата поддршка бил материјално обезбеден и можел да му се посвети само на пишувањето. Имал тивок и благ карактер, но бил со слабо здравје. Умрел во Брундизи, а бил погребан во Неапол.[1]
Во Рим, Вергилиј другарувал со елегичарот Корнелије Гал[2] и со историчарот Азиниј Полион како и со Алфен Вар кој, исто така, пишувал песни. На овие пријатели Вергилиј им посветил некои од неговите „Пастирски песни“, и тоа: на Гал десеттата, на Полион четвртата и осмата, а на Вар деветтата. По наговор на Азиниј, Полион испеал збирка на пастирски песни по примерот на Теокрит и ги нарекол „Буколики“.
Најважни дела на Вергилиј се:[3]
Вергилиј бил познат како „римскиот Хомер“.[5] Во првото пеење на „Пеколот“, Данте го нарекува Вергилиј „светлост и глава на поетите“, велејќи дека е поклоник на неговите ремек-дела и дека од него го усвоил убавиот стил,[6] а во второто пеење, за него вели: „ти учител си, водач и мој господар“,[7] Според италијанскиот поет Џакомо Леопарди, Вергилиј претставува нависок пример на совршенството, иако во младоста сметал дека Вергилиј нема поголема вредност од просечните писатели.[8]
Од друга страна, во романот „Наспроти“, францускиот писател Жорис-Карл Уисманс го нарекува Вергилиј „еден од најстрашните ситничари, еден од најкобните и најздодевните луѓе што некогаш ги произвела антиката“, кој бесрамно позајмувал од Хомер, Теокрит и Лукрециј, при што неговите песни ги опишува како „неискажлива празнотија“, како „сентенциозни и студени“, како „ситничарска и сува прозодија“ со „рапави и претенциозни стихови, здрвени во нивното официјално руво“, „стихови механички преселени со непоколеблива цезура, затнати одзади, секогаш на истиот начин, со судир на еден дактил и еден спондеј“, со „хексаметри кои ѕвечкаат како лим“ и „со непроменлива метрика, позајмена од усовршената ковачница на Катул, без фантазија, безмилосна, преполна со непотребни зборови, со крпеници, со исти и предвидливи клинови и копци; таа мизерија од хомеровски епитет кој непрестајно се враќа без ништо да означи, без ништо да покаже, тој беден речник со матни и еднолични бои.“[9]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.