Венецуелски Залив
залив во Јужна Америка From Wikipedia, the free encyclopedia
залив во Јужна Америка From Wikipedia, the free encyclopedia
Венецуелски Залив (шпански: Golfo de Venezuela) — залив во Карипското Море опкружен со сојузните држави Сулија и Фалкон во Венецуела и департманот Гвахира во Колумбија. На југ е поврзан со езерото Маракаибо со проток долг 54 км.
Заливот е сместен во северниот дел на Јужна Америка, помеѓу полуостровите Парагвана во Фалкон (Венецуела) и Гвахира во Колумбија, поврзан со езерото Маракаибо со вешачки канал. Правата на заливот се предмет на повеќедецениски спор помеѓу двете држави и сè уште не е разрешен.
Венецуелскиот Залив првпат е откриен од Европјците во 1499 г. со походот на шпанскиот морепловец Алонсо де Охеда придружуван од италијанскиот истражувач Америго Веспучи откако ги одминале Холандските Антили и полуостровот Парагвана. Нивната задача била да ги истражат крајбрежјата на Венецуела и да им дадат имиња на новооткриените места.
Спорот за територијалните води во заливот води потекло од осамостојувањето на Колумбија и Венецуела од шпанска власт во XIX век. Шпанското Царство дотогаш немало исцртано граници на ова подрачје поради силниот отпор на домородниот народ Вају. Копнената граница е конечно договорена во 1941 г., но водната површина останува спорна.
Главната важност на заливот е неговата местоположба како врска помеѓу Карипското Море и езерото Маракаибо, богато со лежишта на сирова нафта. Заливот претставува сообраќајница во извозот на нафтата во светот.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.