Велшка катедрала
From Wikipedia, the free encyclopedia
Велшка катедрала (англиски: Wells Cathedral), офиц. Катедрална црква „Свети Андреја“ (Cathedral Church of St. Andrew) — англиканска катедрала во градот Велс во Сомерсет, Англија.
Велшка катедрала Wells Cathedral | |
---|---|
Катедрална црква „Свети Андреја“ | |
Западната страна на катедралата | |
51.2104° СГШ; 2.6437° ЗГД / 51.2104; -2.6437 | |
Место | Велс, Сомерсет |
Земја | Англија |
Вероисповед | Црква на Англија |
Претходен вероисповед | Римокатоличка црква |
Мреж. место | wellscathedral.org.uk |
Архитектура | |
Културнонаследна категорија | Споменик на културата од I категорија |
Прогласена | 12 ноември 1953[1] |
Стил | раноанглиска готика |
Изградба | 1176–1490 |
Физички особености | |
Должина | 126,5 м[2] |
Ширина | 20 м[2] |
Ширина на трансептот | 47 м[2] |
Кораб | 20,5 м[2] |
Висина на хорот | 22 м[2] |
Кули | 3 |
Висина на кулата | 55 м (прекрсток)[2] |
Управа | |
Епархија | Батско-велшка (од ~ 909 г.) |
Митрополија | Кантербериска |
Свештенство | |
Епископ(и) | Питер Ханкок |
Декан | Џон Кларк[3] |
Прецентор | Николас Џепсон-Бидл[4] |
Каноник-канцелар | Ендру Федерстон Featherstone[5] |
Каноник-благајник | Грејам Додс[6] |
Архиѓакон | Никола Саливан, Архиѓакон Велшки[7] |
Мирјанство | |
Оргулист(и) | Метју Овенс[8] |
Храмот е изграден во периодот од 1175 до 1490 година. Поголемиот дел од катедралата е изграден во готска архитектура. На неговата источна страна катедралата ги има задржано оригиналните стакла кои се од материјал кој е многу редок во земјата. Надворешноста е повторно изработена во готски стил со многу привлечна фасада и голем средиштен шилец[9][10][11].
Најпрвата црква која била изградена на местото на денешната катедрала датира од 705 година. Според археолошките пак ископувања, на оваа место постоел мавзолеј кој датирал од доцноримскиот период.[12]
Денешниот облик, односно изградбата на денешната катедрала започнала во текот на 10 век, и во голема мера истата била довршена во 1239 година. Големата реконструкција започнала во времето на приорот Реџиналд де Бохун, во 1184 година. Во времето на Хенри VII, соборната зграда била целосно завршена, со изглед како што е денес. По распуштањето на манастирите во 1541 година, приходот на катедралата бил значително намален.