Вегетаријанство
From Wikipedia, the free encyclopedia
Вегетаријанството е начин на исхрана кој го исклучува јадењето на месо (вклучувајќи го дивечот, рибата и морските плодови[1]). Тоа подразбира воздржување од консумацијата на црвено месо, живина, морска храна и каков било друг вид на месо. Тоа исто така може да вклучува и воздржување од нуспроизводите добиени од колење на животните.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Вегетаријанството може да се прифати поради различни причини. Многумина одбиваат да јадат месо поради емпатија кон животните. Ваквите етички образложенија се кодифицирани под различни верски убедувања, заедно со концептот за правата на животните. Други образложенија за вегетаријанството се поврзани со здравјето, политиката, околината, културата, есететиката или економијата. Со својот познат слоган „месото е убиство” (англиски „meat is murder“), вегетаријанците сакаат да нагласат дека за нивната исхрана не е потребно да се убиваат животните.
Постојат неколку видови на вегетаријанство, а во некои од исхраната се исклучуваат јајцата како и некои производи кои се добиваат од животните, на пример млечните производи и медот. Така, ововегетаријанската исхрана вклучува јајца но не млечни производи, алактовегетаријанската исхрана вклучува млечни производи, но не и јајца, а оволактовегетаријанската исхрана вклучува и јајца и млечни производи. Веганската или строгата вегетаријанска исхрана го отфрла конзумирањето на сите животински производи, вклучувајќи ги јајцата, млечните производи, пчелиниот восок и медот. Исто така, веганите избегнуваат производи од животинско потекло како што се кожена облека и маст од гуски која се користи како боја за чевли.
Полувегетаријанската исхрана главно се состои од вегетаријанска храна, но може да вклучува и риба и пилешко месо, а понекогаш и друг вид на месо. Онаа исхрана која содржи риба или пилешко месо, го дефинира месото како месо од цицачи и може да се поистовети со вегетаријанството. Пескотаријанската исхрана се опишува како „риба, но никаков друг вид месо“. Често користената асоцијација помеѓу ваквите видови исхрана и вегетаријанството ги наведе вегетаријанските групи, како што е Здружението на вегетаријанци, да тврдат дека исхраната која содржи вакви состојки не е вегетаријанска, поради фактот што рибите и птиците се животни. Некои поединци можат да се наречат „вегетаријанци” иако практикуваат полувегетаријански начин на исхрана, бидејќи во некои од дефинициите кои постојат во речниците, вегетаријанството се опишува како исхрана која вклучува риба, или вклучува само месо од цицачи како дел од дефиницијата за месо, додека според други дефиниции не се конзумира риба и каков било друг вид на животинско месо. Во други случаи, некои поединци можат да се опишаат како „флекситаријанци”. Овој вид на исхрана може да го практикуваат оние кои го намалуваат конзумирањето на животинско месо како начин за преминување кон вегетаријански начин на живот поради здравствени, етички, еколошки или друг вид на причини.
Макробиотска исхрана е исхраната која главно се состои од зрнеста храна. Во рамките на "ово"-групите постојат многумина кои одбиваат да конзумираат оплодени јајца (јајцата балут анг. balut се екстремен пример). Меѓутоа, ваквата поделеност не е доволно изразена. Исто така, некои вегетаријанци избегнуваат производи кои можат да содржат животински состојки кои не се назначени на нивните етикети. На пример, шеќер кој е избелен со постапка на јагленисување на коски, сирења за кои е употребено животинско сириште (ензими од желудочната мембрана на животните), желатин (добиен од колагенот во внатрешноста на кожата на животното, од коските и од сврзните ткива), некој вид на шеќер од шеќерна трска (но не шеќер од шеќерна репка) и сок од јаболко кој е прочистен од алкохол со желатин или мелени школки и есетра, додека пак други вегетаријанци не се свесни за присуството на вакви состојки или пак не им пречи ваквото присуство.
Различни видови спакувана или обработена храна како што се торти, колачиња, бонбони, чоколади, јогурти и маршмало често содржат непознати животински состојки и можат да претставуваат особен проблем за вегетаријанците поради веројатноста од постоењето на вакви додатоци. Честопати, пред да купат или да конзумираат некој производ вегетаријанците проверуваат дали во него има животински состојки. Меѓутоа, вегетаријанците се разликуваат во односот кон овие состојки. Додека некои вегетаријанци не знаат за улогата на сириштето од животинско потекло во секојдневното производство на сирење, па оттаму и без да знаат го конзумираат производот, други вегетаријанци едноставно немаат ваков проблем.