![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/9/93/Vasil_Ikonomov.jpg/640px-Vasil_Ikonomov.jpg&w=640&q=50)
Васил Апостолов Икономов
From Wikipedia, the free encyclopedia
Васил Апостолов Икономов (Лазарополе, 6 мај 1848 - Лазарополе, 4 јуни 1934 ), народен учител, собирач и издавач на македонски народни песни и обичаи од Дебарско, печатар, публицист и културно-национален деец[1]. Бил соработник на списанието „Лоза“ и на весникот „Македонија“. Песните кои ги собирал се објавени во зборникот на рускиот конзул Јастребов во Призрен и во првите два броја на софискиот „Зборник на народни умотворби“ (1889-1890)[2].
Васил Икономов | |
---|---|
![]() Васил Икономов во мијачка носија | |
Роден(а) | 1848 Лазарополе, Османлиско Царство |
Починал(а) | 1934 Лазарополе, Кралство Југославија |
Василко Икономов бил попознат во својата средина како Василко Попоски Димкоски. Бил истакнат македонски етнолог, фолклорист, вреден препишувач, калиограф во духот на манастирската традиција во Македонија, потоа црковен певец, автор на црковно нотно пеење, преведувач, издавач, културно национален деец, активен поддржувач и координатор на црковното антипатријаршиско и антигрчко движење во дебарскиот крај, полиглот кој зборувал турски, грчки, албански, српски, бугарски, руски, романски и најверојатно француски јазик.За него и за неговата дејност српскиот академик д-р Владан Недиќ пишува: "Ниедна јужнословенска збирка на лирски народни песни, па ниту првата на Вук Караџиќ не содржи на толку страници толкава бројка на антологиски текстови каква што е книгата на Васил Икономов, што ја објавил во Солун во 1895 година".