From Wikipedia, the free encyclopedia
Вакцинација ии цепење претставува администрација на антигенски материјал (Вакцина) со цел стимулирање на имуниот систем на личноста да развие адаптивен имунитет на патоген. Вакцините можат да го превенираат или ублажат морбидитетот од инфекција. Делотворноста на вакцините била темелно испитувана и потврдена; пример за тоа се, вакцината за грип,[1] ХПВ вакцината,[2] и вакцина за овчји сипаници.[3] Вакцинацијата е најефективен метод за превенција на инфективни болести ;[4] глобалниот имунитет кој се постигнува благодарение на вакцините е одговорен за светска ерадикација на големи сипаници и намалување на инциденцата на болести како што се детска парализа, мали сипаници, и тетанус во поголем дел од светот. Светската здравствена организација (СЗО) известува дека до денес достапни се лиценцирани вакцини за превенција или помош при превенција и контрола на дваесет и пет инфекции.[5]
Активниот агенс на вакцините може да биде интактна но онеспособена (неинфективна) или атенуирана (со намалена инфективност) форма на причинувачкиот патоген,или пак прочистени компоненти на патогенот кои имаат голема имуногеничност (пример, белковини на надворешна обвивка на вирусот). Токсоиди се произведуваат за имунизација против болести предизвикани од токсини, како што е случајот со модификација на тетаноспазмин токсин на тетанус при што се отстрануваат неговите токсични ефекти а се задржува имуногеничниот ефект.[6]
Големи сипаници се првото заболување за кое се направени обиди за превенција со самоинокулација [7][8] и првото заболување за кое е произведена вакцина. Вакцината за големи сипаницибила создадена во 1796 од страна на британскиот доктор Едвард Џенер,иако најмалку шест други научници користеле слични принципи во годините пред нејзиното создавање.[9] Луис Пастер продолжил да го развива концептот преку неговата работа во полето на микробиологија. Имунизацијата била наречена вакцинацијапоради тоа што првата вакцина била произведена со помош на вирус кој ги афектирал кравите(латински: vacca—крава).[7][9] Големите сипаници биле инфективна и смртоносна болест која причинувала смрт кај 20–60% од инфицираните возрасни лица и над 80% кај инфицираните деца.[10] Кога големите сипаници биле конечно ерадицирани во 1979, бројот на мртви од оваа болест достигнал околу 300–500 милиони луѓе[11][12][13] во дваесеттиот век.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.