Вага
From Wikipedia, the free encyclopedia
Вага[1][2] (германски: Waage), кантар[3][4] (турски: kantar) или терезија[5][6] (турски: terazi) — мерен инструмент за мерење на маса. Обично тоа се прави во врска со телесната тежина на еден од два начини.
- предметот се мери непосредно, или
- предметот се споредува со тежината на позната маса.
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/2/27/Bascula_9.jpg/640px-Bascula_9.jpg)
Секоја вага мора да биде прилагодена на своето оперативно место, поточно, вагата мора да се усогласи со локалната гравитација што претставува главно влијание врз резултатите. Во зависност од барањето и потребите, прецизноста на овие влијанија се занемарени или пак се земаат предвид преку соодветни мерки.