From Wikipedia, the free encyclopedia
ВМРО - Бугарско Национално Движење (бугарски: ВМРО – Българско национално движение, ВМРО-БНД) е националистичка политичка партија во Република Бугарија чиј водач е Красимир Каракачанов.
ВМРО – Бугарско Национално Движење ВМРО – Българско национално движение | |
---|---|
Водач | Красимир Каракачанов |
Основана | 1989 |
Штаб | Софија, ул.„Пиротска“ 5 |
Младина | Национални младински комитет на ВМРО |
Членови (2016) | 20.000[1] |
Идеологија | национализам конзервативизам антиглобализам |
Полит. положба | десно |
Државна припадност | Патриотски фронт Обединети патриоти |
Европска припадност | Европски конзервативци и реформисти |
Европски парламент | Европски конзервативци и реформисти |
Бои | црвено, црно |
Народно собрание | 0 / 240 |
Европски парламент | 2 / 17 |
Мрежно место | |
vmro.bg | |
Знаме | |
Политика на Бугарија Политички партии Избори |
Со оглед на контроверзите и скандалите во кои партијата е вклучена[2][3][4], како и поради подемот на партијата на Волен Сидеров, на последните парламентарни избори коалиција на ВМРО-БНД едвај го надмина прагот од 4% освоени гласови за да освои пратенички места во бугарскиот парламент.[5]
ВМРО-БНД се противи на регистрација на македонски организации во Бугарија кои се залагаат за почитување на посебност на македонскиот национален идентитет и се залага за присоединување на Република Македонија кон Бугарија[6].
ВМРО-БНД е наследник на ВМРО-СМД. Затоа во почетокот кон името на оваа партија било додадено името „Сојуз на македонските друштва“ (ВМРО-СМД) со намера таа да се потврди како „легитимен наследник на македонските емигрантски организации“ и на ВМРО на Тодор Александров и Ванчо Михајлов.
ВМРО-СМД е основана на 15-16 декември 1989 година во Софија како Сојуз на Македонските Културно Просветни Друштва. Во јануари 1990 година кратенката ВМРО се јавува за првпат по 56-годишен период на забрана. Инаку, после превратот од 19 мај 1934 година ВМРО била забранета во Бугарија. Во почетокот ВМРО-СМД е невладина организација која што се залага за „решавање на македонското прашање“.
Се прогласува како "непартиска, самостојна и независна организација, обединувајќи ги на патриотитски и демократски темели претставниците на македонските бегалци, на нивните деца и на сите родољубиви Бугари, коишто се спремни да ја штитат бугарската национална кауза во Македонија. Официjaлно објавената цел на ВМРО-СМД е комплетното и трајно решавање на македонското прашање врз темелот на историската вистина, политичката правда и меѓународните договори. ВМРО се бори против денационализацијата и асимилацијата на бугарското население во Вардарска и Егејска Македонија."
Во 1999, го променува името на ВМРО-БНД и се претвора во политичка партија.
Првиот водач на ВМРО-СМД е доцентот по историја од Софискиот универзитет "Свети Климент Охридски" Димитар Гоцев од Панчарево, општина Пехчево. Во 1992 г. претседател на ВМРО-СМД е Стојан Бојаџиев од Егејска Македонија. Во 1995 г. Бојаџиев навршува 80 години и на конгресот во Ќустендил се повлекува од претседателството. Од 1995 до 1997 г. организацијата се води од тројца сопретседатели: Красимир Каракачанов, Рајна Дрангова (внука на полковник Борис Дрангов) и Евгени Еков.
Во 1997 година на конгресот во Петрич претседателското место го зазеде Красимир Каракачанов, којшто и денес раководи со организацијата.
Оваа партија спаѓа во групата на националистички десничарски конзервативни партии.
Во јануари-февруари 1997 година се смета дека ВМРО-БНД одиграла голема улога во настаните во за уривање на владата на Бугарската социјалистичка партија.[се бара извор]
Во интервју за македонските медиуми претседателот на ВМРО-БНД Каракачанов категорично изјавува дека Бугарија нема териториални претензии кон Република Македонија[7], иако актовностите на подмладокот на партијата во тоа го демантираат.[8]
ВМРО-БНД се противи на регистрација на македонски организации во Бугарија кои се залагаат за почитување на посебност на македонскиот национален идентитет.
Веќе години наназад, приврзаници и симпатизери на оваа националистичка бугарска партија создаваат проблеми при прославите поврзани со македонскиот револуционер Јане Сандански, кога крај гробот на Јане традиционално се собираат Македонците од Пирин и другите делови на Бугарија. Таков инцидент е забележан и при прославата во 2006 година, кога приврзаниците на ВМРО-БНД над гробот на Јане Сандански истакнале транспарент со провокативна содржина „Македонија е бугарска“ при што со протестна нота до бугарскиот амбасадор реагирала и Владата на Република Македонија.
Во текот на парламентарните избори во 2009 година за да се спречи гласањето на околу 100.000 бугарски Турци во огранизација на оваа партија бил блокиран граничниот премин Генералово.[9][10] Овие луѓе биле протерани во доцните осумдесетти, а денес со оглед на своето потекло поседуваат и бугарско државјанство.
Некои во Бугарија сметаат дека ВМРО-БНД е формирана од Службата за државна безбедност на поранешната Народна Република Бугарија чиј член на времето бил и самиот Каракачанов.[4]
Се смета дека ВМРО-БНД е една од најбогатите партии во Бугарија.[2][4] Располага со голем недвижен имот од чии приходи ја финансира сопствената пропаганда и партиски живот. Имотите кои партијата ги поседува претставуваат и извори на контроверзи.
Во медиумите може да се прочита дека имотот на некогашната ВМРО на Тодор Александров и на Ванчо Михајлов сега е во сопственост на ВМРО-БНД.[4] и дека со формирање на фондацијата на ВМРО партијата е приватизирана.
Во една прилика Каракачанов изјавува дека целта на ВМРО-БНД е да стане посилна од бугарската држава.[4]
Еден од скандалите во партијата, излегол на виделина пред петнаесеттиот конгрес на партијата (на 15 декември 2001 година) кога подмладокот од Софија објавил декларација во која се бара оставка на Каракачанов и на целото раководство:
„Конгресот е предвреме изманипулиран. Престојат уставни промени“ со кои ВМРО ќе се регистрира како организација чија цел е остварување на профит... На таков начин ќе се избегне секаква контрола од даночните служби... ВМРО веќе не постои. Внатрешната македонска револуционерна организација се претвори во приватна партија на Красимир Каракачанов...[3]
Според ова, некои бугарски медиуми сметаат дека е веќе очигледно кои им биле намерите на водачите.[3] Некои од медиумите ја нарекуваат партија за лична употреба.[3][11]
До изборите за 36-то Народно собрание во октомври 1991 г. ВМРО-СМД прогласува Декларација за неучествување во предизборни коалиции и политички партии.
Во 4 јули 1999 година ВМРО и Движење „Ѓурѓовден“ потпишуваат општа декларација, во која ја декларираат блискоста како национални и патриотски движења.
На локалните избори во октомври 1999 година ВМРО-БНД учествува самостојно во 20% од општините во Бугарија и добива 63.000 гласови. Тие ќе се претворат во 132 општински советници и 6 градоначалници. На претходните општински избори ВМРО имаше 31 општински советници. На изборите за општински советници ВМРО во коалиција добива 502.231 гласови - 472 места, - 15,44% од општинските советници. На изборите за градоначалници ВМРО како дел од коалицијата во која учествува добива 130.514 гласови и 105 места, коешто е 7,54% од општиот број на гласови во Бугарија.
Во пролетта 2005 година, оваа партија влегла во предизборната коалиција Бугарски народен сојуз која освоила 5,70% од гласовите. ВМРО-БНД во претходниот состав на Бугарското собрание има 5 пратеници од вкупно 240. Карактеристично е дека подмладокот на ВМРО-БНД, ВМРО-МО (Младинска организација), односно Националниот младински комитет кој шири невистини за македонскиот народ и зестапува една иредентистичка политика[8].
Изборниот резултат на локалните избори од 2007 година покажува дека ВМРО-БНД добива градоначалници во областните градови Пловдив (вториот наjголем град во Бугарија) и Силистра, и во други градови како Сандански, Петрич и Мелник во Пиринска Македонија. ВМРО-БНД добива гласови и во општините на Пловдив.
На парламентарните избори одржани во 2009 година како дел од една коалиција добива само 4,1% од гласовите со што едвај се квалификува за да добие пратенички места во новиот парламентарен состав.[5] На предвремените избори од 2013 година, ВМРО-БНД учествува самостојно и има само 1,8 %.
На предвремените парламентарните избори одржани во 2014 година како дел од коалиција Патриотски фронт (НФСБ и ВМРО) добива 239 101 гласа (7,2%), што се 19 места, од нив 8 се на ВМРО-БНД.
На претседателските избори од 2016 година, Красимир Каракачанов (Обединети патриоти) заработува 573 016 гласа или 14,97%, како се рангира на третото место.[12]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.