Бухара
From Wikipedia, the free encyclopedia
Бухара (на узбечки: Бухoрo, Buxoro ; на руски: Бухара ; на турски: 'Buhara' ; на персиски: بُخارا) од согдиското βuxārak ("среќно место"), е град во Узбекистан, кој се наоѓа во централниот југ на земјата и е главен град на покраината Бухара (Бухоро Вилојати). Градот е петти по големина во Узбекистан со население од 263,400 (според пописот во 2009). Регионот околу Бухара бил населен најмалку пет милениуми а градот постоел половина од тој период. Сместен на патот на свилата, градот долго време бил центар на трговијата, образовен, културен и верски центар. Историскиот центар на Бухара, кој има бројни џамии и медреси е дел од светското наследство на УНЕСКО. Во Букара живее узбекистанското население каде најбројни се Таџиците но во градот долго време се мешале народи и култури така што во него живеат и Евреи и други етнички малцинства.
светско наследство на УНЕСКО | |
---|---|
Критериум | Културен: (ii) (iv) (vi) |
Навод | 602 |
Запис | 1993 (XVII заседание) |