Бурма (накит)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Бурма или венчален прстен — еден вид прстен што укажува на тоа дека оној што го носи е во брак.[1] Обично се прави од метал, а традиционално се прави од злато или друг скапоцен метал.[2]
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/a/ad/ANEL3.jpg/320px-ANEL3.jpg)
Најраните примери на бурми ни доаѓаат од Древниот Египет. Западниот обичај за употреба на бурма ги има во Стариот Рим и Грција, а до денес опстојува поради употребата при склучување на христијански бракови во Европа, кои се прилагодени на древните обичаи.
Во зависност од културата, бурмата односно венчалниот прстен обично се носи на левата или десната рака, на безимениот прст (или домалиот прст). Многу брачни другари бурмата ја носат постојано, а еден показател за важноста на овој вид прстен е фактот дека бурмата е меѓу неколкуте предмети што се дозволени да ги имаат затворениците и нивните посетители.[3][4]