Бундесрат
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Германскиот Бундесрат (буквално „Сојузен совет“; германски: Bundesrat) — законодавно тело кое ги претставува шеснаесетте сојузни покраини на Германија на сојузно ниво. Неговото седиште е во поранешната Пруска палата на лордовите (Preußisches Herrenhaus) во Берлин.
Бундесратот учествува во законодавството, заедно со Бундестагот. Тој е непосредно избран од граѓаните на Германија и одлучува за закони кои се однесуваат на надлежностите на покраините и сите уставни промени мора да добијат согласност од ова тело. Работејќи на сличен начин како горните домови на парламентите во други земји, често е споредуван со американскиот Сенат или рускиот Совет на Федерацијата или Палатата на Лордовите во Велика Британија, иако германскиот устав не ги наведува Бундестагот и Бундесратот како домови на дводомен парламент (зборот „парламент“ дури и не се појавува во Уставот). Официјално, познато е како „уставно тело“ заедно со Бундестагот, Претседателот, Владата и Сојузниот уставен суд.[2]
Бундесратот веќе се појавувал како име на слични тела во Северногерманскиот Сојуз (1867) и Германското Царство (1871). Во периодот 1919-1933/1934 (Вајмарска Република) името било Рајхсрат.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.