Бугарско тајно револуционерно братство
From Wikipedia, the free encyclopedia
Бугарско тајно револуционерно братство — организација на проегзархиската групација во Солун. Биле идејни противници на Македонската револуционерна организација поради своите големобугарски политички сфаќања[1], приврзаници на Бугарска егзархија и на нејзината црковно-просветна пропаганда во Македонија. Целта на проегзархистите е сите да се обединат околу Егзархијата, да се поддржи нејзината црковно-просветна дејност, а останатото ќе го направи Бугарија кога ќе дојде со својата војска и ќе ја ослободи Македонија.[2] Братството е основано во март 1897 година и постои до септември 1899 година, кога неговите членови влегуваат во ТМОРО.
Кратки факти Бугарско тајно револуционерно братство, Активна ...
Бугарско тајно револуционерно братство | |
---|---|
![]() Иван Гарванов претседателот на Братството | |
Активна | 1897 - 1899 |
Земји | Отоманско Царство и Македонија |
Припадност | автономија |
Вид | националистичка организација |
Команданти | |
Претседател | Иван Гарванов |
Затвори