Бугарија на Олимписките игри
From Wikipedia, the free encyclopedia
Бугарија е една од 14 земји кои учествувале ан првите модерни Летни олимписки игри, кои се одржале во 1896 во Атина. Бугарија учествувала во состав: Тодор Јончев, Панајот Белев, Илија Пенчев, Димитар Илиев и Шарл Шампо.[1] Спортскиот дел од делегацијата го сочинувал само еден спортист Шарл Шампо од Швајцарија. Шампо долго престојувал во Бугарија, како еден од дванаесетте најмени наставници по гимнастика, на крајот од XIX век, кои дошле во Бугарија со цел да го зголемат квалитетот на овој спорт во земјата.
Бугарија на Олимписките игри | ||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| ||||||||||
Олимписка историја | ||||||||||
Летни олимпијади | ||||||||||
1896 • 1900 • 1904 • 1908 • 1912 • 1920 • 1924 • 1928 • 1932 • 1936 • 1948 • 1952 • 1956 • 1960 • 1964 • 1968 • 1972 • 1976 • 1980 • 1984 • 1988 • 1992 • 1996 • 2000 • 2004 • 2008 • 2012 • 2016 • 2020 | ||||||||||
Зимски олимпијади | ||||||||||
1936 • 1948 • 1952 • 1956 • 1960 • 1964 • 1968 • 1972 • 1976 • 1980 • 1984 • 1988 • 1992 • 1994 • 1998 • 2002 • 2006 • 2010 • 2014 |
Некои извори, Шампо го сметаат за учесник на Олимписките игри како швајцарски спортист, но МОК го признава како бугарски натпреварувач на првите Олимписки игри во Атина.
Националниот олимписки комитет на Бугарија е Бугарскиот олимписки комитет, кој е основан и признаен во 1923. Првиот бугарски тим, испратен на Олимписките игри по ова, бил во 1924. Оттогаш, бугарските спортисти не учествувале само на игрите во 1932 (поради големата светска економска криза), во (по Втората светска војна) и во 1984 (поради бојкотот на источноевропските земји).
На Зимските олимписки игри, Бугарија за првпат учествувала во 1936 и оттогаш учествувала на сите зимски игри.
До 2009, бугарските спортисти освоиле вкупно 218 медали на Олимписките игри, од кои најголем број се освоени во борење и кревање тегови.