Бубамари
семејство тврдокрилни инсекти / From Wikipedia, the free encyclopedia
Бубамари (Coccinellidae) е раширено семејство на мали инсекти кои се со големина од 0,8-18 мм.[3] Овие инсекти не се класифицирани како полутврдокрилци.[4]
Бубамара | |
---|---|
Coccinella magnifica | |
Научна класификација | |
Царство: | Animalia |
Колено: | Arthropoda |
Класа: | Insecta |
Ред: | Coleoptera |
Подред: | Polyphaga |
Натсемејство: | Cucujoidea |
Семејство: | Coccinellidae Latreille, 1807 [1] |
Потсемејства [1] | |
|
Поголемиот дел од видовите, генерално, се сметаат за корисни инсекти, затоа што ги ловат тревопасните еднаквокрилци како што се лисните вошки, кои се земјоделски штетници. Многу видови на бубамари ги ставаат своите јајца директно во колониите на лисните вошки и други инсекти, со цел да се осигурат дека нивните ларви ќе имаат непосреден извор на храна.[5] Бубамарите од потсемејство Epilachninae се земјоделски штетници, бидејќи се тревопасни, што значи дека јадат лисја од жито, компири, грав и разни други култури, а нивниот број може да се зголеми експлозивно во години кога бројот на нивните природни непријатели е намален. Во такви ситуации, тие можат да предизвикаат големи штети на земјоделските култури.