Брус Ли
From Wikipedia, the free encyclopedia
Брус Ли (кин. 李小龍; пинјин: Lǐ Xiăolóng), роден Ли Џун-Фан, (кинески: 李振藩; Lǐ Zhènfān (пинјин), 27 ноември 1940 - 20 јули 1973) — глумец, мајстор на боречки вештини, филозоф, режисер, продуцент, сценарист и основач на приодот на борба наречен „Џит Кун До“. Тој се смета за културна икона[3] и еден од највлијателните борци на 20 век.
Брус Ли | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
![]() | |||||||||
Кинеско име | 李小龍 (традиционално) | ||||||||
Кинеско име | 李小龙 (упростено) | ||||||||
Пинјин | Lǐ Xiǎolóng (мандарински) | ||||||||
Јитпинг | Lei5 Siu2 Lung4 (кантонски) | ||||||||
Родено име | Lee Jun-fan 李振藩 (трад.) 李振藩 (упр.) Lǐ Zhènfān (мандарински) Lei5 Zan3 Faan4 (кантонски) | ||||||||
Семејно потекло | Шунде, Гуангдунг, Кина | ||||||||
Потекло | Хонгконг | ||||||||
Роден(а) | 27 ноември 1940(1940-11-27) Кинеска четврт, Сан Франциско, САД | ||||||||
Починат(а) | 20 јули 1973(1973-07-20) (возр. 32) Коулун Тунг, Хонгконг [1] | ||||||||
Занимање | мајстор на боречки вештини, подучувач, глумец, режисер, сценарист | ||||||||
Years active | 1941–73 | ||||||||
Сопружник | Линда Емери (1964–73) | ||||||||
Деца | Брендон Ли (1965–93) Шенон Ли (р. 1969) | ||||||||
Родители | Ли Хој-чуен (1901–65) Грејс Хо (1907–96) | ||||||||
Портал | Фондација „Брус Ли“ Официјален портал на Брус Ли | ||||||||
Награди
|
Ли е роден во Сан Франциско, Калифорнија, во семејство со потекло од Хонгконг, но растел во Хонгконг сè до крајот на тинејџерските денови. Кога наполнил 18 години, Ли емигрирал во САД за да се здобие со американско државјанство[4] и со повисоко образование. Тоа бил периодот кога започнал да предава боречки вештини, кои наскоро го довеле до филмски и телевизиски улоги.
Неговите филмови со продукција од Хонгконг и Холивуд ги издигнаа традиционалните филмови со боречки вештини од Хонгконг на ново ниво на популарност и слава, и предизвикаа голем интерес за кинески боречки вештини во Западот во 1970-тите. Насоката и тонот на неговите филмови ги променија боречките вештини и филмовите со боречки вештини во Хонгконг, како и во остатокот од светот. Тој е познат по својата улога во пет играни филма, „Големиот газда“ (1971) и „Тупаница на гневот“ (1972), во режија на Ло Веј; „Враќање на змејот“ (1972), режиран од Брус Ли; „Во змејското гнездо“ (1973) на Warner Brothers во режија на Роберт Клус и „Игра на смртта“ (1978).
Ли стана фигура позната низ целиот свет и останува многу популарен меѓу азиските народи, а особено меѓу Кинезите, бидејќи преку неговите филмови [5] го отсликувал кинескиот национализам. Ли првично тренирал Винг Чун, подоцна ги отфрлил добро дефинираните боречки стилови и го поттикнувал користењето на корисни техники од различни извори во духот на неговата лична филозофија за боречките вештини која ја нарекол Џит Кун До (Jeet Kune Do).[6]