Бренстед-Лауриева теорија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Во хемијата, Бренстед-Лауриевата теорија[1] е една од теориите кои определуваат што е киселина, а што база. Таа е дадена независно од страна на научниците Јоханес Николаус Бренстед и Мартин Лаури во 1923 година. Според оваа теорија, киселина претставува секоја хемиска единка (молекула или јон) која е способна да губи или дава (донира) протон (односно водороден јон), додека база е хемиска единка која може да собира или прифаќа протон. Според ова, следува дека за едно соединение кое се однесува како киселина, оддавајќи притоа протон, мора да постои база која ќе го прифати тој протон. Така, Бренстед-Лауриевиот концепт може да се претстави со равенката:
- киселина + база
конјугирана база + конјугирана киселина.
Конјугирана база е јонот или молекулата која останува откако киселината оддала протон, додека конјугирана киселина е хемиската единка создадена кога базата прифатила протон. Оваа реакција може да продолжи понатаму или да е повратна; во секој случај киселината оддава протон на базата.