Бранова равенка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Бранова равенка – важна парцијална диференцијална равенка со која се опишува простирањето на брановите. Брановите може да бидат звучни, електромагнетни, водени, итн., но сите се простираат според истиот принцип содржан во брановата равенка. Брановата равенка се јавува и се користи во акустиката, електромагнетизмот, оптиката, динамиката на флуиди. Најзначаен придонес за решавање на проблемот на опишување на осцилациите и простирањето на брановите дале Жан ле Рон Даламбер, Леонард Ојлер, Даниел Бернули и Жозеф-Луј Лагранж.