Брадест змеј
From Wikipedia, the free encyclopedia
Брадест змеј (науч. Pogona) — род на влекач со осум видови, кои често се познати под заедничкото име „брадест змеј“, кое најчесто се користи да се опише централниот брадест змеј („Погота витисепс“). Името „брадест змеј“ произлегува од „брадата“ на гуштерот, која се наоѓа во долниот дел на грлото, и која се бои во црна боја кога животното е во стресна ситуација или се спрема за борба. Тие се вешти планинари, а најголем дел од времето го поминуваат лежејќи на гранка или карпа, преку целиот ден. Во дивина можат да се најдат во Австралија во широк спектар на живеалишта како што се пустини, пространства со жбунови или шуми со евкалиптус.[1]
Брадест змеј | |
---|---|
Погона витисепс | |
P. vitticeps - детали на главата | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Влекачи |
Ред: | Лушпести |
Подред: | Гуштери |
Семејство: | Агамови |
Род: | Брадести агами |
Видови | |
Pogona barbata |
Неколку видови на овој род, особено централниот брадест змеј, често се чува како домашен миленик или се изложува во зоолошките градини, поради нивната отпорна природа и лесна нега во споредба со други егзотични видови на влекачи.