Бостонска чајанка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Бостонска чајанка (англиски: Boston Tea Party) — политички и трговски протест на бостонските колонисти против економската политика на метрополата на Кралството Велика Британија и монополот на Британската источноиндиска компанија врз снабдувањето со чај за колониите на Британската Империја. Протестот од четврток, 16 декември 1773 г. вклучувал уништување на голем товар британски чај што пристигнал со брод во Бостонското пристаниште. Поводот за тоа е одбивањето на службените власти во Бостон да вратат три брода со чај во Велика Британија.[1] Бостонската чајанка станала икона во американската историја и придонела за почетокот на Војната за независност на Соединетите Американски Држави.[2][3]
Кратки факти Бостонска чајанка, Датум ...
Бостонска чајанка | |||
---|---|---|---|
Дел од Американската револуција | |||
Цртеж на Бостонската чајанка | |||
Датум | 16 декември 1773 г. | ||
Место | Бостон, Провинција Масачусетс Беј, Британска Америка | ||
Повод | Чајниот указ | ||
Цели | протест против данокот на чај на Британскиот парламент | ||
Начини | фрлање на чајот во Бостонското пристаниште | ||
Исход | Неподносливи закони | ||
Страни во судирот | |||
|
Затвори