Бомбашки напади врз руските станбени објекти
From Wikipedia, the free encyclopedia
Бомбашките напади врз руски станбени објекти претставуваат серија од напади кои се случиле во четири станбени згради во руските градови Бујнакск, Москва и Волгодонск во септември 1999 година, при што загинале 293 лица, а биле повредени 651. Експлозиите се случиле во Бујнакск на 4 септември, Москва на 9 септември и 13 септември, и Волгодонск на 16 септември. Неколку други бомби биле подметнати во Москва во тоа време.[1].
Бомбашки напади врз руски станбени објекти | |
---|---|
Место | Русија (Бујнакск-Москва-Волгодонск) |
Датум | 4 септември – 16 септември 1999 |
Цел | Бомбашки напад |
Мртви | 293 |
Повредени | повеќе од 1,000 |
Слична бомба била пронајдена и деактивирана во рускиот град Рјазањ на 23 септември 1999 година. На следниот ден директорот на Федералната служба за безбедност Николај Патрушев изјавил дека инцидентот во Рјазањ наводно бил вежба на специјалните служби[2].
Овие напади, заедно со инвазијата на Дагестан која била причинета од страна на Чеченија во август 1999 година предводена од Шамил Басаев и Ибн ал-Катаб, ја предизвикале Руската Федерација да ја започне Втората чеченска војна.
Иако на 2 септември 1999 година, командантот на војската Ибн ал-Катаб најавил дека "муџахедините на Дагестан ќе извршуваат големи одмазди во различни делови од Русија<[3], на 14 септември тој ги негирал експлозиите изјавувајќи дека тие се борат против руската армија, а не против жените и децата во Русија[4].
Официјалната истрага за нападите била завршена од страна на руската Федералната служба за безбедност во 2002 година. Според истрагата и судската одлука што следела, бомбашките напади биле организирани од Ачимез Гочијев, кој се наоѓа во бегство. Освен него, биле обвинети и Абу Омар ал-Саиф заедно со Ибн ал-Катаб, кои подоцна биле убиени. Шест други осомничени биле осудени од страна на руските судови.
Членот нс Државната дума, Јуриј Штекочихин предложил два предлози за парламентарна истрага на настаните, но предлозите му биле одбиени во март 2000 година. Независната комисија која била предводена од страна на Сергеј Ковалев исто така не покажала резултати бидејќи владата одбивала да одговори на дел од неговите прашања.
Јуриј фелштински (живее во САД), Александар Литвиненко (убиен во 2006 година), Борис Березовски (олигарх кој има добиено британски егзил), Дејвид Сатер, Борис Кагарлицки, тврдат дека во 1999 година бомбашките напади биле лажирани од страна на ФСБ со цел да се добие јавна поддршка за нова вистинска војна во Чеченија, и зголемување на рејтингот на тогаш веќе поранешен агент на ФСБ, а подоцна и претседател на Русија, Владимир Путин..[5][6].[7][8][9][10][11] .