Божиќ
From Wikipedia, the free encyclopedia
Божиќ[2] (Божик)[3] или Рождество Христово[4] — денот на Христовото раѓање според христијанската традиција. Тоа е втор најголем празник во христијанството, по Велигден. Црквите кои го користат грегоријанскиот календар, вклучувајќи ги сите католички, протестантски и повеќето православни цркви, го прославуваат на 25 декември. Црквите кои го користат јулијанскиот календар, вклучувајќи ја и Македонската православна црква, го прославуваат Божиќ на 7 јануари до 2100 г., а потоа ќе го прославуваат на 8 јануари до 2200 г., па на 9 јануари до 2300 г. итн.
Божиќ | |
---|---|
Икона „Рождество Христово“ (1405) од Андреј Рубљов | |
Наречен и | Божик Раѓањето Христово |
Го празнува(ат) | Христијанските и нехристијански земји[1] |
Вид | христијански |
Значење | Раѓањето на Исус Христос |
Датум | 7 јануари (јулијански календар) 25 декември (грегоријански календар) |
Обичаи | подарување, традиционален ручек, украсување |
Поврзано | Водици, Бадник |
Со вечерата на денот пред Божиќ (Бадник) завршуваат предбожиќните пости. Во народната и црковната традиција во предвечерието на Рождеството се пејат посебни песни наречени каланди кои имаат елементи од византиската традиција и макдонското народно музичко творештво.[5]
Во повеќето земји во светот со значителен дел на христијанско население, вклучувајќи ја и Македонија, Божиќ е празник и неработен ден.