From Wikipedia, the free encyclopedia
Роберто „Боби“ Алфонсо Фарел (Roberto "Bobby" Alfonso Farrell) (6 октомври 1949 – 30 декември 2010 ) бил танчер и изведувач, најпознат по тоа што бил пејач на поп и диско групата позната во 1970те како Boney M.[2]. Во Македонија е познат и по тоа што неговата сопруга Јасмин Шабан[3] е од Скопје, со која се оженил во 1981 година кога таа била познат југословенски фотомодел.[4]
Боби Фарел Bobby Farrell | |
---|---|
Боби Фарел со Boney M, 2006 | |
Основни податоци | |
Родено име | Роберто Алфонсо Фарел[1] |
Роден(а) | октомври 6, 1949 |
Потекло | Аруба, Холандски Антили |
Починал(а) | декември 30, 2010 61) Санкт Петербург, Русија | (возр.
Жанр(ови) | Поп, диско |
Занимање/ња | Танчер, забавувач |
Години на активност | 1975–2010 |
Продукциска куќа/ќи | Hansa Records, Sony-BMG |
Фарел е роден на островот Аруба што е дел од денешните Холандски Антили, каде го поминал детството. На 15 годишна возраст го напуштил островот за да стане морнар. По две години се преселил во Норвешка. Оттаму заминал за Холандија, каде работел како Диџеј, а потоа се преселил во Германија. Во Македонија е познат и по тоа што неговата сопруга Јасмин Шабан[3] е од Скопје, со која се оженил во 1981 година кога таа била познат југословенски фотомодел.[4] Со Јасмин имале две деца, ќерката Занилја Фарел родена во 1983 година, која е раперка,[5] и синот Занин. Тие се развеле во 1995 година.
Починал утрото на 30 декември 2010 година, во хотел во Санкт Петербург, поради срцева слабост.[6] Неговиот агент изјавил дека Фарел се жалел на проблеми со дишењето по настапот претходната вечер.[7][8] Телото на Фарел било откриено од вработените во хотелот.[9] Погребан бил во Амстердам.
Во Германија најчесто работел како Диџеј кога продуцентот Френк Фариан го повикал да биде дел од новоформираната група Boney M.. Така, Боби Фарел станал единствениот машки член на групата. Подоцна Фариан изјавил дека Боби не пеел на снимките, туку машките вокали снимени во студио во најголем дел биле на самиот Фариан. Лиз Мичел потврдила дека само таа, Марсија Барет и Фариан пееле при снимање на песните. Сепак, Боби Фарел пеел во живо на некои од песните при настапи на групата.[10] Фарел ја напуштил групата во 1981 година, по несогласувања со Фариан, и веднаш бил заменет со Реги Цибое. Во 1984 година повторно се приклучил на групата и останал сè до 1986 година кога групата се распаднала.[11]
Ќерката на Фарел, Занилја Фарел изјавила дека откако се распаднала групата, татко ѝ ги изгубил сите приходи.
Кога татко ми побара 100.000 марки од Фариан, му беше речено да потпише некои документи. Татко ми сè потпиша - од права на фотографиите, авторски права, сè. Така татко ми изгуби сè, а ние моравме да се преселиме кај баба ми во Холандија и да живееме од милостина. Татко ми беше многу лут, но мајка ми беше паметна и му рече дека ако го поседува името, може да го користи. Фариан не го регистрирал името Boney M во цел свет, па татко ми можеше да настапува под тоа име во некои земји.[12]
Боби Фарел настапувал со хитови од групата под името „Бони М на Боби Фарел“. Тој исто така се појавил како танчеер во 2005 година во видео спот на Роџер Санчес за песната Turn on the Music.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.