From Wikipedia, the free encyclopedia
Битката кај Онгала се одвила во 680 година во близина на Онгала, денешна Романија, помеѓу силите на Источното Римско Царство и силите на Прабугарите. Битката е дел од Византиско-бугарските војни, а завршила со победа на Прабугарите.
Битка кај Онгала | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Византиско-бугарски војни | |||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Прабугари | Византија | ||||||
Команданти и водачи | |||||||
Аспарух | Константин IV | ||||||
Сила | |||||||
непознато | "сите темни"[1] 50,000[2] | ||||||
Жртви и загуби | |||||||
мали | цела армија |
Искористувајќи ги постојаните војни на Византија со Арапите, хан Аспарух ја поминал реката Дунав и влегол во Мала Скитија (денес Добруџа). Во 680 година византискиот цар Константин IV Погонат организирал голем копнен и морски поход против прабугарските племиња. Теофан Исповедник дал индиректни упатства за бројот на византиската армија, пишувајќи дека императорот ги повикал сите теми во походот.[3] Прецизни податоци за бројот на византиската армија недостасуваат, но во тоа време една империјална теренска армија броела меѓу 15.000 и 25.000 лица.[4][5][6] Од друга страна не постои сведоштво и за армијата на Прабугарите, но се смета дека нивната сила била околу 10.000 војници[7].
Војниците на царот Константин IV пристигнале во Онгала и започнале воени дејствија против прабугарските војници. Поради големиот број на византиски војници, прабугарската армија се повлекла во фортификација, која била изградена на островот Певки. Оддалеченоста од бојното поле довела до тешко снабдување на византиската армија. Од друга страна постоела практична неможност да биде нападната фортификацијата на островот. Војниците на Аспарух започнале да им нанесуваат тактички порази на византиските сили, без да се обидуваат целосно да ги разбијат[3]. Византијците започнале опсада на островот која траела четири дена, по кое императорот Константин IV најавил на војниците дека оди на лекување во Акве Калиде (денес Бургас) и го напуштил бојното поле. Овој потег негативно влијаел врз борбениот дух на византиските сили.
Добрата организирана одбрана на Прабугарите, нивната стратешка позиција[8] и нивните постојани напади предизвикале византиските сили да се повлечат. По нивното повлекување, прабугарските сили започнале голема контраофанзива нанесувајќи им голем пораз.
Победата кај Онгала претставувал прв чекор кон создавање на Дунавска Бугарија. По оваа победа Прабугарите продолжиле со нападите кон Мизија.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.